vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Прекрасна посна торта, уверете се и сами
Во 1 литар сок од портокал ставете 6 лажици шеќер да зоврие, а потоа додадете 4 пудинзи, претходно соединети со 200 мл. сок. Сварете фил и оставете го да се излади. ИЗмиксирајте го маргаринот со шеќер во прав, а потоа додадете го во изладениот фил и добро измешајте. Јагодите прелијте ги со 300 мл. вода, додадете 250 гр. шеќер и ставете да се готви околу 10 минути. Пред крај на готвењето испасирајте ги јагодите. 2 пудинзи соединете со 150 мл. ладна вода потоа додадете ги во сварените јагоди и направете фил, кој потоа ќе го измиксирате. На чинија ставете го кексот (200 гр.), кој претходно сте го ставиле во сок од портокал. Премачкајте го со чоколадо. Над чоколадото ставете 1/3 од жолтиот фил, па 1/3 од филот од јагоди. Потоа ставете го натопениот кекс и по истиот редослед наредете три реда кекс и три реда фил. Одозгора ставете шлаг. Најубаво е ако тортата преноќи во фрижидер.
Време на подготовка од: 60
Време на подготовка до: 90
Број на лица: 6
Kомплицираност: 4
800 гр. посен кекс
1,5 литри сок од портокал
6 пудинзи од ванила
300 гр. посно чоколадо
4 лажици масло
250 гр. посен маргарин
500 гр. јаготки
250 гр. шеќер + 6 лажици
100 гр. шеќер во прав
посен шлаг
забава Бремените
Автор: bobik
Како да ја олесните разделбата со бебето?
Првата разделба со бебето може да биде тешка и за детето и за родитело...
Психичка благосостојба во бременоста
Бременоста носи многу убави очекувања, но и промени, грижи и неизвесно...
Датумот на зачнување е моментот кога сперматозоидот ја оплодува јајце ...
Знаци дека на бебето му никнуваат заби
Никнувањето на првото запче е мал, но важен момент во развојот на бебе...
Како се развива бебето од оплодувањето до раѓањето?
Од моментот кога јајце клетката и сперматозоидот ќе се спојат, започну...