vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Се топи во уста
Изматете ги со миксер потребните состојки за кора. Кората се пече на 180 степени додека не добие златно-кафена боја. Откако ќе се олади кората се филува со чоколадо и маргарин кои претходно сте ги стопиле на пареа. Изматете ги жолчките со брашно и малку млеко кое ќе го издвоите од литарот, а во остатокот млеко додадете шеќер и сварете го. Во врелото млеко додадете ги матените жолчки и добро мешајте да не загори. Тргнете го кремот од оган и оставете да се излади. Изматете го маргаринот и додадете го во ладниот фил со жолчките. Додадете и Несквик прав и добро измешајте. Изматете ги шлаг кремите со минерална вода. Додадете од кремот врз кората со чоколадо, прво кафен крем, а потоа и шлаг крем. И така се додека не се потрошат корите.
Време на подготовка од: 70
Време на подготовка до: 90
Kомплицираност: 4
Кора:
6 белки
6 лажици шеќер
5 лажици мелени ореви
2 лажици брашно
Прелив за кора:
300 гр чоколадо
125 гр маргарин
Фил:
1 л млеко
18 жолчки
10 лажици брашно
10 лажици шеќер
250 гр маргарин
200 гр Несквик
Топ фил за цела торта:
300 гр шлаг крем
400 мл минерална вода
забава Бремените
Автор: bobik
Како да ја олесните разделбата со бебето?
Првата разделба со бебето може да биде тешка и за детето и за родитело...
Психичка благосостојба во бременоста
Бременоста носи многу убави очекувања, но и промени, грижи и неизвесно...
Датумот на зачнување е моментот кога сперматозоидот ја оплодува јајце ...
Знаци дека на бебето му никнуваат заби
Никнувањето на првото запче е мал, но важен момент во развојот на бебе...
Како се развива бебето од оплодувањето до раѓањето?
Од моментот кога јајце клетката и сперматозоидот ќе се спојат, започну...