vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Прекрасен изглед, одличен вкус
Во 200ml млеко разматете ги пудинзите и шеќерот. Остатокот од млекото ставете го во тенџере и загрејте го додека не зоврие. Додадете го разредениот пудинг и сварете го. Добиениот пудинг поделете го на 2 дела. Во едниот додајте го темното, а во другиот белото чоколадо. Мешајте додека чоколадото не се растопи. Оставете ги да се оладат. Слатката павлака изматете ја со миксер, па по ? додадете во темното и светлото чоколадо. Во овален калап ставете фолија, па истурете ја светлата смеса и дел од темната смеса. Благо измешајте ги додека не добиете црно-бели шари. Нанесете ја преостанатата павлака, израмнете, па потоа додадете го остатокот од смесата со темно чоколадо. Бисквитите потопете ги во млеко, па наредете ги врз смесата. Тортата покријте ја со фолија и ставете ја во ладилник да се олади неколку часа. Земете чинија или плитка тава поголема од садот во кој ја правевте тортата и превртете ја. Сечете и декорирајте по желба.
Време на подготовка од: 60
Време на подготовка до: 70
Kомплицираност: 3
1 литар млеко
10 лажици шеќер
3 пудинзи од ванила
300g млечно чоколадо
100g бело чоколадо
500ml слатка павлака
Пакетче бисквити
забава Бремените
Автор: bobik
Како да ја олесните разделбата со бебето?
Првата разделба со бебето може да биде тешка и за детето и за родитело...
Психичка благосостојба во бременоста
Бременоста носи многу убави очекувања, но и промени, грижи и неизвесно...
Датумот на зачнување е моментот кога сперматозоидот ја оплодува јајце ...
Знаци дека на бебето му никнуваат заби
Никнувањето на првото запче е мал, но важен момент во развојот на бебе...
Како се развива бебето од оплодувањето до раѓањето?
Од моментот кога јајце клетката и сперматозоидот ќе се спојат, започну...