Бејлис торта
Автор:
Редакција Рингераја
Чудна, но вкусна!
Подготовка
1. За подготовка на кората, најпрво со миксер убаво изматете ги шеќерот и јајцата. Кога ќе добиете хомогена смеса додадете ги и останатите состојки и рачно измешајте ги. Сипете ја смесата во кружен калап и печете 30 минути на 180 Целзиусови степени. Кога ќе се испече исечете го на три еднакви кругови. 2. За подготовка на филот изматете ги двете јајца, шеќерот, густинот и ликерот. Млекото ставете го да зоврие, а потоа во него додадете ја смесата од другите состојки. Мешајте на оган додека не ја добиете потребната густина. Путерот и шеќерот во прав изматете ги со миксер и откако другата смеса ќе се олади, додадете ги и нив во неа. Убаво измешајте. 3. За подготовка на преливот сите состојки ставете ги во тенџере на оган и оставете ги убаво да се соединат. 4. Ставете еден дел од пандишпанот на послужавник, посипете го со преливот, намачкајте го со подебел слој од филот и поклопете го со друг дел од пандишпанот. Повторете го истото и со последниот круг од пандишпанот. По избор декорирајте со шлаг.
Време на подготовка од: 80
Време на подготовка до: 90
Kомплицираност: 4
Состав
за кора:
5 јајца
10 лажици шеќер
10 лажици вода
160 г брашно
120 г мелени ореви
2 лажици какао
1 прашок за печиво
за фил:
2 јајца
4 лажици шеќер
4 лажици густин
400 мл млеко
3 лажици ликер „Бејлис“
200 г путер
100 г шеќер во прав
за прелив:
300 мл млеко
50 г кафеав шеќер
100 мл Бајлис ликер
шлаг за украсување
-
забава Бремените
Автор: bobik Како да ја олесните разделбата со бебето?
Првата разделба со бебето може да биде тешка и за детето и за родитело...
Психичка благосостојба во бременоста
Бременоста носи многу убави очекувања, но и промени, грижи и неизвесно...
Датумот на зачнување е моментот кога сперматозоидот ја оплодува јајце ...
Знаци дека на бебето му никнуваат заби
Никнувањето на првото запче е мал, но важен момент во развојот на бебе...
Како се развива бебето од оплодувањето до раѓањето?
Од моментот кога јајце клетката и сперматозоидот ќе се спојат, започну...
Анкета
Jana9
Dali citate poezija?
Da (25%)
Ne (25%)
Ponekogas (50%)
Број на сите гласови: 4
Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!

