Сахер торта за Св. Валентин
Автор:
Редакција Рингераја
Наш предлог за Денот на вљубените
Подготовка
Изматете го маргаринот пенасто, додадете го омекнатото чоколадо, шеќер и ванилин шеќер и се изматете додека не добиете еднолична смеса. Потоа додавајте една по една жолчка, а потоа и брашно. На крај додадете го изматениот снег од белки. Калапот за торта (во вид на срце) обложете го со хартија за печење на колачи или намачкајте го со маргарин и набрашнете. Ставете ја смесата за кора и печете во претходно загреана рерна на 180 C околу еден час. Тестото исечете го на половина и премачкајте ги двете половини со мармалад, во која ќе измешате малку рум и поклопете ги двете теста. Премачкајте ја целата торта со мармалад и прелијте ја со чоколадо. Глазура: Шеќерот и водата загрејте ги на тивок оган, додека шеќерот не се растопи. Оставете кратко да врие, тргнете го од оган и измешајте чоколадо и маргарин, додека се` не се спои. Гответе на тивок оган околу 3 минути. Украсете ја тортата по сопствен вкус.
Време на подготовка од: 80
Време на подготовка до: 90
Kомплицираност: 3
Состав
Тесто:
180 гр. чоколадо за готвење
140 гр. маргарин
160 гр. Шеќер
120 гр. Брашно
8 јајца
1 ванила
Премаз:
150 гр. Мармалад од кајсии
1 лажица рум
Глазура:
200 гр. Чоколадо за готвење
80 мл. Вода
80 гр. Шеќер во прав
50 гр. Маргарин
1 капка масло
-
забава Бремените
Автор: bobik Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...
Анкета
Jana9
На колку години положивте за автомобил?
18-20 (30%)
20-25 (20%)
25-30 (0%)
30-35 (0%)
35... (0%)
Не немам положено (50%)
Број на сите гласови: 10
Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!

