Нестле торта
Автор:
Редакција Рингераја
Се топи во уста
Подготовка
Изматете ги со миксер потребните состојки за кора. Кората се пече на 180 степени додека не добие златно-кафена боја. Откако ќе се олади кората се филува со чоколадо и маргарин кои претходно сте ги стопиле на пареа. Изматете ги жолчките со брашно и малку млеко кое ќе го издвоите од литарот, а во остатокот млеко додадете шеќер и сварете го. Во врелото млеко додадете ги матените жолчки и добро мешајте да не загори. Тргнете го кремот од оган и оставете да се олади. Изматете го маргаринот и додадете го во ладниот фил со жолчките. Додадете и Несквик прав и добро измешајте. Изматете ги шлаг кремите со минерална вода. Додадете од кремот врз кората со чоколадо, прво кафен крем, а потоа и шлаг крем. И така се додека не се потрошат корите.
Време на подготовка од: 80
Време на подготовка до: 100
Kомплицираност: 4
Состав
Кора:
6 белки
6 лажици шеќер
5 лажици мелени ореви
2 лажици брашно
Прелив за кора:
300 гр чоколадо
125 гр маргарин
Фил:
1 л млеко
18 жолчки
10 лажици брашно
10 лажици шеќер
250 гр маргарин
200 гр Несквик
Топ фил за цела торта:
300 гр шлаг крем
400 мл минерална вода
-
забава Бремените
Автор: bobik Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...
Анкета
Jana9
На колку години положивте за автомобил?
18-20 (30%)
20-25 (20%)
25-30 (0%)
30-35 (0%)
35... (0%)
Не немам положено (50%)
Број на сите гласови: 10
Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!

