Баклава со јаболка и ореви
Автор:
Палешка РР
Палешка РР ви препорачува
Подготовка
Јајцата и шеќерот се матат и се додава 1 чаша јогурт, 1 чаша масло и една чаша гриз. Сето се мати и на крај се додава едно пециво. Се рендаат 1 кгр. јаболка и им се додаваат 150 гр. мелени ореви и цимет. За еден ролат потребни се три кори. Секоја кора се мачка со 2-3 лажици фил и на последната кора се ставаат ренданите јаболка. Се добиваат пет ролати, кои пред печење се сечат. Се вари шербет од остатокот од шеќерот (околу 800 гр.) и 800 гр. вода, додека ја добие потребната густина. Баклавата да биде ладна, а шербетот млак. Се полева и се остава да отстои најмалку два часа. Пријатно!
Време на подготовка од: 50
Време на подготовка до: 70
Број на лица: 4+
Kомплицираност: 3
Состав
1/2 кгр. готови кори
3 јајца
1 чаша јогурт
1 чаша масло
1 чаша гриз
1 пециво
1 кгр. јаболка
150 гр. мелени ореви
цимет
1 кгр. шеќер
800 гр. вода (за шербет)
-
забава Бремените
Автор: bobik Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...
Анкета
AnMari
Kako da se odvikne deteto od stravovite od temnicata?
So postepeni kazhuvanja (100%)
So odenje vo temni prostorii i sokazhuvanje deka nema nishto tamu (0%)
Број на сите гласови: 2
Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!

