Бајадера торта
Автор:
elenak
elenak RR Ви препорачува
Подготовка
Се матат белките посебно со шеќерот и во нив се додаваат претходно изматените жолчки, брашното и какаото. Се пече во загреана рерна на 180 степени. Фил : 300 гр мелена плазма се потопува во 300 мл млако млеко во кое претходно се ставаат 2 кесички ванилин шеќер. 150 гр лешници прво малку се пропржуваат во тавче (без масло) и потоа се мелат. Се мати 250 гр. путер (или маргарин) со 250 гр. шеќер во прав и во тоа се додаваат лешниците и мелената плазма. Тортата се филува и се остава во фрижидер околу 1 час да се стегне. Одозгора се премачкува со глазура, 5 лажици шеќер, 5 лажици млеко, 5 лажици вода, 1 лажица масло, 20 гр. путер, 4 лажици какао. Или поедноставно со 100 гр растопено чоколадо со малку млеко и масло.
Време на подготовка од: 60
Време на подготовка до: 90
Kомплицираност: 3
Состав
Кора
8 јајца
8 лажици шеќер
3 лажици какао
5 лажици брашно
Фил
300 гр. мелена плазма
300 мл. млако млеко
2 кесички ванилин шеќер
150 гр. лешници
250 гр. путер или маргарин
250 гр. шеќер во прав
Глазура
5 лажици шеќер
5 лажици млеко
5 лажици вода
1 лажица масло
20 гр. путер
4 лажици какао
-
забава Бремените
Автор: bobik Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...
Анкета
AnMari
Kako da se odvikne deteto od stravovite od temnicata?
So postepeni kazhuvanja (100%)
So odenje vo temni prostorii i sokazhuvanje deka nema nishto tamu (0%)
Број на сите гласови: 2
Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!

