Vladymir во 08:25
на тема RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете?
Автор:
Редакција Рингераја
Вкусни мали колачиња
Сите состојки, освен мармаладот, ставете ги во еден подлабок сад и замесете меко тесто. Тестото е малку лепливо, па затоа завиткајте го во прозирна фолија и ставете го во фрижидер да одстои 1 час. За тоа време, мармаладот поминете го низ ситеста цедилка. Во плех од рерна ставете хартија за печење и вклучете ја рерната на 200° да се загрева. Од тестото правете топчиња со големина од орев и редете ги во плехот на одредено растојание. Со крајот од една дрвена лажица, кој претходно ќе го набрашните, правете вдлабнатини во топчињата тесто. Мармаладот ставете го во една кесичка за замрзнување и отсечете го крајот од кесичката за да направите мал отвор. Полнете ги вдлабнатините на колачите со мармалад и ставете да се печат 10-12 минути во претходно загреаната рерна. Откако ќе се изладат извалкајте ги во шеќер во прав. Колачите треба да останата светли после печењето. Кога ќе почнат одоздола да зацрвенуваат веќе се готови. Наместо путер може да користите и маргарин.
Време на подготовка од: 40
Време на подготовка до: 50
Kомплицираност: 3
240гр. брашно
150гр. путер
2 жолчки
70гр. шеќер во прав
1 пакетче ванилин шеќер
прстофат сол
рендана кора од 1/2 лимон
3 лажици мармалад од црни рибизли
забава Бремените
Автор: bobik
Секој ден по малку и животот се менува
Понекогаш мислиме дека големите промени бараат големи чекори, драматич...
Кога бременоста не доаѓа брзо како што сме очекувале
Неплодноста е чувствителна и емотивно предизвикувачка тема. Многу паро...
Слободата на движење при породување
Породувањето е еден од најинтензивните и најважни моменти во животот н...
Денес ве поканувамe да го видите убавото што веќе го имате....
Цуцлата: пријател или непријател на развојот?
Цуцлата е еден од најчестите предмети во секојдневието на новороденчињ...