Колачи за Денот на вештерките (Halloween)
Автор:
Редакција Рингераја
Направете им оригинални колачи на децата за денешниот ден
Подготовка
Измешајте ги брашното, шеќерот, какаото и путерот додека не добиете смеса. Додадете ја жолчката. Додадете две лажички вода ако е потребно. На лесно набрашнета површина исукајте го тестото. Покријте го со проѕирна фолија и оставете го во фрижидер 30 минути. Загрејте ја рерната на 180 степени. Извадете го тестото од фрижидер и исечете од него 12 кругови со дијаметар еднаков на отворот од корнетите. Повторно ставете ги исечените кругови 10 минути во фрижидер. Печете ги во рерна 10-12 минути додека не добијат светло златна боја. Ставете ги на решетка и почекајте целосно да се изладат. Растопете го млечното чоколадо. Чоколадирајте еден по еден корнет во чоколадото и ставајте ги над круговите бисквити. Украсете со М&М бонбони и ставете ги во фрижидер за да се стврдне чоколадото. Секоја шапка украсете ја со панделка.
Време на подготовка од: 50
Време на подготовка до: 70
Kомплицираност: 4
Состав
- 2/3 чаша брашно
- 1/4 чаша кафеав шеќер
- 2 лажици какао во прав
- 60 гр. путер
- 1 жолчка од јајце
- 375 гр. млечно чоколадo
- 12 мини корнети за сладолед
- 2 паковања бонбони M&M
-
забава Бремените
Автор: bobik Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...
Анкета
AnMari
Kako da se odvikne deteto od stravovite od temnicata?
So postepeni kazhuvanja (100%)
So odenje vo temni prostorii i sokazhuvanje deka nema nishto tamu (0%)
Број на сите гласови: 2
Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!

