|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Вистината за царскиот рез

Monet and Kelsey, 21.4.2015
Подготовката за царски рез не е прошетка во парк. Во многу случаи на партнерот не му е дозволено да биде во операционата сала
Клучни зборови:

image
/11


 

Како фотограф на породување, повикана сум да ги овековечам најважните стории во животот на семејството. Влегувам во нивниот простор за раѓање и ги документирам малите и големи неповторливи моменти. Ја раскажувам приказната за доаѓањето на свет на нивните синови и ќерки. Напорите, стравовите, болката и радоста.

Овие приказни се прекрасни.

Размислував и за мајките кои се породуваат со царски рез. Размислував за тие храбри жени кои ги раѓаат своите деца со толку сила и убавина.

Ве охрабрувам да направиме чекор напред и да ги прославиме трите вистини за мајките кои раѓаат со царски рез.

 

Мајките кои раѓаат со царски рез се храбри

Подготовката за царски рез не е прошетка во парк. Во многу случаи на партнерот не му е дозволено да биде во операционата сала. Тоа значи дека, додека докторите и сестрите се подготвуваат за операцијата, ставаат заштитна облека, подготвуваат инструменти, или разговараат што јаделе синоќа, мајката е сама во ладната операциона сала, прашувајќи се што ја чека – често исплашена и осамена.

И во овие моменти, мајката која раѓа со царски рез, мора да се потпре на љубовта која ја чувствува кон своето бебе. Таа дозволува да ја заплиска грижата, а потоа ја брка. Знае дека во овој момент, тоа е најдоброто за нејзиното дете, дури и кога тоа значи операција со вистински ножеви и лузни. Дури и кога најдоброто значи напуштање на сонот за природно раѓање, кој го сонуваше цели девет месеци.

Ако вие не сте родиле со царски рез, ве охрабрувам да се ставите на местото на мајката, на операциониот стол, чекајќи и плашејќи се...Ако го направивте тоа, за брзо ќе сфатите колку се храбри мајките кои раѓаат со царски рез.

 

Мајките кои раѓаат со царски рез се силни

Нема многу мајки кои ќе ви кажат дека царскиот рез е остварување на нивната визија за породувањето. Царскиот рез е медицинска неопходност во повеќето случаи.

Некои мајки имаат неколку недели за да се подготват психички за царскиот рез, но повеќето од нив имаат само неколку денови, часови или минути. Одеднаш, замислената средба со бебето се менува.  Нејзиниот план за породување е фрлен низ прозорец. Пред неа е операција. Таа не знае колку долго ќе треба да чека, пред  да го земе бебето во свои раце.

И тогаш почнува операцијата. Сечење и шиење. Целосното опоравување трае со месеци. И додека сите бараме интензивна нега по операција, гледаме филмови и јадеме во табла во кревет, мајките го прават толму спротивното. Тие го дојат бебето, го пресоблекуваат и деноноќно го гледаат тоа прекрасно бебе.

Емоционално и физички, овие жени се многу силни. И својата сила не ја покажуваат само на породување – силата мора да продолжи во деновите и месеците кои следат. Додека нивните тела не зацелат, тие плетат нови соништа со бебињата во своите раце.

 

Мајките кои раѓаат со царски рез се убави

Станувањето мајка остава лузни кај сите жени. Некои од нив се емоционални, а некои физички. Мајките кои раѓаат со царски рез, обично ги имаат и двете. Нивните лузни се потсетници за силата и храброста која ја имале, кога го носеле бебето на свет. Овие лузни биле врата преку која нивните деца напуштиле еден свет и влегле во друг.

 

Сум фотографирала лузни различни по дебелина, местоположба и големина. Секоја лузна е единствена и секоја раскажува различна приказна од породување. Ги фотографирам овие лузни одвреме-навреме за да документирам како зараснуваат, како се менуваат, како зацелуваат. Лузните се убави и вредни за славење. И додека нашите мајки ги покриваат со срам, на нас останува да ги охрабриме да му ги покажат лузните на сила и храброст на светот.

 

1

 

2

 

Преземено: ScaryMommy

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Превентивни прегледи за жени – што, кога и...
Во свет каде што темпото на живот е брзо, жените често се тие се грижат за сите семејството, работата, домот, освен за ...
4
Кои се знаците на инфекција по царски рез?
Инцизија и инфекции на матката се релативно чести по царски рез. Дознајте за вообичаените симптоми на инфекција по царск...
3
Колку породувања со царски рез може да имате?
Колку породувања со царски рез се уште е безбедно да се направат и колку треба да се чека за нова бременост после такво ...
3
Џенет Џексон ќе стане мајка на 50 години
Џенет Џексон на 50 години ќе стане мајка. Славната пејачка го очекува своето прво дете, а убавата вест официјално ја пот...
3




Анкета

Одвикнување од пелени.
пеперутка16

Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?