|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Што преживеав во првата година од мајчинството?

JIll Ceder, 1.5.2021
Како што сите знаеме, првиот роденден на детето е вистинска забава за родителите. Не прославувате само обичен роденден кој се случува секоја година, туку прославувате и што преживеавте!

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Бидејќи мојот син за неколку денови ќе полни една година, ова се причините заради кои јас ќе прославувам:

  1. Го преживеав периодот кога 12 часа на ден поминував сама со новороденче и две успани мачки.

  2. Дипломирав во пишување на телефон додека дојам – и тоа поуспешно во темница.

  3. После три недели доење во јавност престанав да се грижам што мојата брадавица му е добро позната на секој келнер и шанкер во моето маало.

  4. Плачев само пет минути што заборавив да ставам влошки на градите од кои течеше млеко како од Нијагарини водопади.

  5. Ги намалив нарачките на Амазон, на два пати неделно.

  6. Научив како да му направам храна на бебето и да не го отрујам.

  7. Не му купував секогаш органска храна на бебето и не го отрув.

  8. Ми се спие само секоја втора вечер кога го дојам (и за среќа никогаш не сум го испуштила бебето од раце).

  9. Мојот син само два пати ме има измочкано на лице.

  10.  Мојот син никогаш се нема покакано во кадичката.

  11. Ги прифатив ноќите со експлозии од каки, во замена за ноќите со вино и сирење со пријателките.

  12. Ми требаа само седум обиди за да сфатам како се користи кенгурот за бебето.

  13. Имавме само една епизода на проектил повраќање.

  14. Не заборавав дека имам бебе, па да го оставам некаде.

  15. Заклучив дека може да пешачам километри со лев чевел на десна нога и десен чевел на лева нога.

  16. Не се разведовме со маж ми (а помислив на тоа неколку пати).

  17. Мојот син не проголта влакно од мачка.

  18. Мојот син не изеде измет од куче.

  19. Го прифатив фактот дека половина од облеката повеќе нема да можам да ја носам.

  20. Испаничив и се јавив кај докторот откако прочитав дека бебињата треба да лазат на 9 месеци, а мојот син не лазеше.

  21. Мојот син удри само едно дете.

  22. Мојот син не се задави и немаше некаква тешка ситуација со гушење.

  23. Отидов на плажа и успеав да се изгорам само себеси, додека бебето остана здраво и право.

  24. Не ја изгубив работата, иако три недели го планирав неговиот роденден по цело работно време.

  25. Не го загушив сопругот со перницата (иако мислев) додека мирно спиеше, кога нашиот син врескаше во 3 часот.

  26. Не го задавив следното утро кога ми рече дека сме поминале “мирна ноќ” со бебето.

  27. Не ги смачкав луѓето кои ме прашуваа дали син ми проодел, бидејќи не беше прооден.

  28. Мојот син никогаш не падна од масата за менување пелени.

  29. Прифатив спуштени гради и побелена коса, со замена за мојот прекрасен син.

 

Е па нека ни е среќен првиот роденден!

 

Извор: Scary Mommy

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што треба да знае дете на 2-годишна возраст?
Секое дете се развива индивудуално, но постојат некои граници и нешта кои може да ни укажат на тоа дека детето има потен...
4
Блог: Кај нас важи правилото "лажичкат...
Јас се држам до правилото дека треба "лажичката да заигра" односно што почесто да имаме готвен и течен оброк дома. Мат...
4
Забавни игри и активности
Родителството понекогаш бара пауза. Но добрата вест е дека можете да ги забавувате вашите деца додека одмарате! Овде се ...
3
Како да ги научиме децата на прифаќање на ...
Во светот во кој растат денешните деца, различностите се дел од секојдневието.
3




Анкета

najubavo masko ime
babyblue

Dali spored vas go napraviv vistinskiot izbor za imeto na sin mi?

Vojdan (11%)

Damjan (16%)

Andrej (22%)

Stefan (19%)

Marko (22%)

Konstantin (9%)


Број на сите гласови: 360

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!