Направете ги најинтересните мозаик јајца за Велигден
За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
За време на велигденските празници најчесто се вапсаат црвени јајца со лист од магдонос но, овој пат ви нудиме еден необичен и доста интересен начин како да го направите тоа поинаку, односно како да направите мозаик велигденски јајца. Декорирањето на овие велигденски јајца е многу забавно и веруваме дека и вашите деца ќе сакаат да се приклучат во овој направи сам проект!
Потребен материјал за овој направи сам велигденски проект:
- тврдо варени јајца (бели)
- фарба за јајца
- лепило
- четка за боење
Инструкции:
- Сварете најмалку 8 бели јајца;
- Половина од јајцата тргнете ги на страна;
- Во еден сад помешајте 230 милилитри вода со 60 милилитри оцет и фарба за јајца. Извапсајте 4 јајца во боја по ваш избор;
- Сега искршете и излупите 2 фарбани и 2 не фарбани јајца. Кога ќе ги лупите јајцата внимавајте да имате лушпи со различни големини кои потоа ќе ги лепите на останатите јајца;
- Користејќи четка за боење и лепило, нежно залепете ги лушпите на преостанатите 4 јајца. Фарбаните лушпи залепете ги на не фарбаните јајца и обратно – не фарбаните лушпи залепете ги на фарбаните јајца.


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Слични содржини, кои ги читаат другите корисници
3 домашни лекови против првут
Ослободете се од досадните снегулки во косата на природен начин
3
Интервју со Дани Димитровска
Младите послободно зборуваат за секс со својот идол, отколку со родителите
3
Во торбичката за плажа на идните мамички
Проверете дали Вашата торба за на плажа е полна со сите работи кои и требаат на една трудница за прекрасен ден на плажа...
3
Релаксирана бременост
Бременоста во животот на една жена е исклучителен период и зависно од чувствителноста и нејзиниот карактер може да ја до...
3