|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Мајката е Бог на земјата!

Непознат автор, 18.5.2021
Кога Бог ја создавал мајката беше шести ден. Работел прекувремено, во тој момент дошол еден ангел и му рекол:“Доста се трудиш околу тоа”.Бог на тоа одговорил: Дали ги прочита карактеристиките на ова суштество?

image
/11


Таа треба да пере, но да не биде од пластика…
Треба да има 180 подвижни делови и сите да бидат заменливи…
Треба да се храни правилно и да пие црно кафе…
Треба да има рамо за утеха…
Нејзиниот бакнеж треба да лечи се, од скршена нога до скршено срце…
Треба да има” шест пара” раце за да постигне се…
Ангелот се зачудил и рекол: Шест пара раце? Тоа е невозможо…
“Не ми прават проблем рацете, рекол Бог. Туку оние три пара очи кои треба да ги има мајката за да може да гледа буквално се”…
“Станува збор за стандарден модел на човек? -прашал ангелот.
На тоа Бог само потврдил со кимнување на главата.
“Со еден пар очи може да види низ вратата кога ќе праша Што правите таму деца?
Со другиот пар би го видела она што не треба да го види, а треба да го знае. И третиот пар ќе и биде потребен кога детето греши, да го погледне со многу љубов и разбирање.
“Господе, рекол ангелот, оди на спиење утре ќе завршиш со се.
“Не можам, толку сум блиску до создавање на ова суштество кое е толку слично на мене.
Веќе направив една која сама себе си дава сила, која може да нахрани шест членови од семејството со еден килограм месо, која може да го научи на добри работи своето дете…
Ангелот го погледнал моделот од сите страни и рекол: Премногу е мека…
“Но е многу силна, додал Господ возбудено додавајќи: Ти не си свесен што се може да направи една мајка и колкав товар може да носи.
Може ли да мисли?- прашал ангелот.
Не само што може да мисли туку секогаш може да најде компромис, секогаш дава најдобри решенија за проблемот- додал Бог.
На крајот ангелот го погалил мајчиниот образ. Овде нешто чади господе, рекол тој.
“Не, не чади тоа е солза.
А зошто плаче?
Таа плаче од радост, од болка, кога е горда на своето чедо, кога е разочарана.
И така Бог ја создал мајката- суштество близу до совршенство...

 

*превземено*

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Зошто семејството е добро за здравјето?
По коментарот на баба Ви дека веќе треба да сте во брак, или по забелешките на тетка Ви за Вашата тежина, лесно е да се ...
3
Родителството слично на затворска казна?!
Иако на Вашето лице секогаш се појавува насмевка кога ќе ја здогледате Вашата ќерка или Вашиот син, попладневниот одмор ...
3
8-ми март веќе не е тоа што беше
8-ми март! Месец кој секоја смисла ја сведува на жената, па и овој текст. Мотивацијата за пишување на оваа тема е што пр...
3
Знаци за паразитска инфекција кај децата
Типични паразити се: пантличара, глиста, нематоди и едноклеточни протозои. Симптомите варираат од еден до друг паразит, ...
3




Анкета

Млеко.
Admin

По една година, кое млеко е поздраво да му се дава на дете: