Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Идните мајки кои страдаат од hyperemesis gravidarum е 3 пати поверојатно дека ќе родат повеќе од едно дете, пишува во соопштението.
Принцот Вилијам и Кејт вчера објавија дека го очекуваат првото дете, откако Кејт била примена во лондонската болница “Крал Едвард VII”. 30-годишната Кејт без престан повраќала, па морала да биде под лекарски надзор и дополнителен прием на течности. Ваквата состојба се сретнува кај една од 200 бремени жени и основна опасност е дехидратација. Лечењето на Кејт вклучува интравенозно примање на течности, примање на витамини и лекови против повраќање. Состојбата се подобрува во 12-13 седмица од бременоста.
Кејт и Вилијам планирале да ја соопштат веста за бременоста по 12-та седмица, но за да се избегнат шпекулации во врска со нејзиното здравје, одлучиле веста да ја објават порано.
Бебето на Вилијам и Кејт е трето во редицата за наследување на круната. Според радикалниот предлог на промена на правилата на монархијата, британскиот трон ќе може да го наследи едно од првородените деца на Вилијам и Кејт, независно од неговиот пол.
Детето ќе биде прво внуче на британскиот престолонаследник Принцот Чарлс, како и на родителите на Кејт Мидлтон. Бебето може да постави и рекорд – последниот правнук кој е директен наследник на круната на британскиот монарх е роден пред 120 години.
Според кралската историчарка Кејт Вилијамс, бебето е најочекуваната принова во семејството и претставува најголема сензација во историјата на кралството.
Ако е девојче, може да се вика Диана-Елизабет
Најмногу претпоставки има дека бебето ќе се вика Мери или Матилда, ако е девојче и Едмунд или Џорџ, ако е момче. Се претпоставува дека Кејт ќе сака да и оддаде почит на починатата принцеза Диана и на кралицата Елизабета, па детето ќе го крсти Диана-Елизабет.
Пелени.
пеперутка16
Кога почнавте да го одвикнувате вашето бебе?