|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

IVF и партнерството. Како љубовта се тестира, но и зајакнува?

Редакција Рингераја, 8.2.2026
IVF покрај тоа што е медицински процес, тоа е емотивно патување кое тивко, но длабоко ја допира врската меѓу двајца партнери.

image
Фото:Canva/ IVF може да ве научи на трпение, емпатија и ново ниво на интимност, ако си дозволите да поминете низ него заедно.
/11


Хормони, надежи, разочарувања, чекања и молчења е сето тоа може да ја стави љубовта на тест. Но, истовремено, може и да ја направи посилна од било кога.


Кога љубовта се чувствува под притисок

IVF често носи чувство на вина терајќи ги партнерите да се прашуваат дали во нив е проблемот. Се создава замор од постојани разговори за резултати, анализи и датуми и страв од иднината.

Партнерите наоѓаатцразлични начини на справување со болката

Понекогаш едниот партнер сака да зборува, другиот се затвора. И тоа создава дистанца не затоа што љубовта исчезнала, туку затоа што болката зборува на различен јазик.


Тишината што разделува или зближува

Многу парови откриваат дека најтешки се моментите кога нема вести, кога се чекаат резултатите или пак се чека менструацијата. Чекањето носи надеж.

Токму тука партнерството се тестира дали можеме да бидеме присутни и кога не знаеме што да кажеме и дали можеме да ја носиме болката заедно, без да ја решиме.


Како IVF може да ја зајакне врската?

Иако е тешко, IVF може да донесе: подлабока емпатија, ново ниво на искреност, чувство на заедништво пред овој предизвик и јасна слика колку сме подготвени да се бориме за заедничкиот сон.

Љубовта станува помалку романтична, но многу пореална.


Мали начини да се зачува блискоста

  • Зборувајте за вашите чувства, не само за резултатите.
  • Договорете период кога ќе паузирате од IVF обидите.
  • Практикувајте повеќе физички контакт, држење за рака, прегратка бидејќи допирот значи повеќе од зборовите.
  • Потсетувајте се и зошто сте заедно, а не само зошто се борите.


Кога е во ред да побарате помош?

Понекогаш љубовта има потреба од поддршка. Тоа може да го направите со советување за парови, посета на групи за поддршка или разговор со стручно лице.

Барањето помош значи грижа за врската.


Љубовта по IVF

Без разлика на исходот, IVF го менува партнерството.
Ако поминете низ него заедно, со отворени срца и почит кон болката на другиот, љубовта може да излезе посмирена, подлабока и посилна.


IVF ја тестира љубовта не затоа што е слаба, туку затоа што е важна. И кога двајца избираат да останат тим дури и кога е тешко љубовта не само што опстојува, туку и расте.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Како да имате поквалитетни јајце-клетки за...
Во минатото се сметаше дека староста е единствен фактор кој го одредува здравјето на јајце-клетките и јајниците. Врз ос...
4
Календар на плодност. Kако да го користиш ...
Календарот на плодност е една од наједноставните и најдостапни алатки за следење на циклусот и препознавање на плодните ...
3
10 грешки во правењето бебе
Кога се обидувате да забремените, многу работи може да бидат пречка. Тоа не е секогаш лесно како што двојките сакаат и н...
3
Подгответе го телото за здрава бременост
Да се забремени понекогаш не е толку лесно како што изгледа. Додека некои двојки се „плодни“ и зачнуваат без било какви...
3




Анкета

поубаво име?
Natuska85

Име за нашето бебче...

Кристијан (88%)

Кристан (12%)


Број на сите гласови: 241

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!