|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

6 пријателки кои и се потребни на секоја мајка

Редакција Рингераја, 15.1.2015
Тоа што сте станале родители, не значи дека треба да ги ограничите социјалните контакти или да заборавите на блиските и пријателите. Ова се шесте пријателки, кои и се потребни на секоја млада мајка
Клучни зборови:

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

Мајка со дете на иста возраст како вашето дете

Таа те разбира идеално, бидејќи поминува низ истите фази низ кои поминуваш и ти. Со неа може да разменувате совети и искуства, да учите заедно како да бидете родители и да си помагате една на друга. Освен тоа, по потреба можете да го оставите детето во нејзини раце. Плус децата на слична возраст се дружат полесно, бидејќи наоѓаат истомисленик во игрите.


Мајка со поголемо дете

Убаво е да имаш една пријателка која ќе ти служи како пример. Таа веќе поминала низ најтешките фази на тоа да бидеш млад родител. Набљудувајќи ја како се однесува со децата и како реагира во одделни "кризни" ситуации, може да извлечеш поуки, на кои ќе се потпреш во иднина. Нејзините искуства и знаења се силно оружје што може да ти е од корист.

Мајка домаќинка

Мајка домаќинка, независно дали има деца, или не, те разбира одлично кога ќе ја прашаш како да го завршиш ручекот, кој ти остана на половина. Со неа може да си разменувате рецепти за брзи јадења, како и за вкусни и лесни десерти, трикови за чистење или за отстранување на дамки од облеката, идеи за мебел и декор дома, да разговарате за актуелните промоции во хипермаркетите и други слични теми.

Вработена мајка

Вработените мајки ќе те научат како да го распределиш времето и ќе ти докажат дека има начин да ја усогласиш кариерата со улогата на родител, под услов да имаш желба. Покрај тоа, таа ќе ти даде важни информации за градинките, занималните, дадилките и училиштата, бидејќи ограниченото слободно време ја направило свесна за овие работи. Вработената мајка е запознаена со роковите за запишување во градинка и на училиште и има правни информации поврзани со доделување на помош и детски додаток.

Пријателка без деца

Иако улогата на мајка е најважна и омилена на многу жени, убаво е од време на време да си земате краток одмор од неа. Во рок од два часа, во кои се среќавате со вашата пријателка, која се уште нема деца, може да поразговарате за типично женски теми - мода, фризури, шопинг, озборувања, без да употребувате зборови како доење, хранење и воспитување.

Пријателка која те познава од дете

Таа може да е комбинација на сите наведени досега. Уште поважно е тоа што те познава од пред да станеш мајка, ги знае твоите тајни и стравови, свесни е за твоите проблеми, ќе те ислуша при потреба, ќе ти даде совет и нема да те прекорува кога ќе и кажеш дека си уморна или имаш потреба од одмор.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Ликовна школа
Специјализирани креативни, егзистенционални и анти-стрес програми - во ликовното студио Gallery Arte од Скопје
5
Дали денешните деца знаат да си играат?
Рекламите за „најновите и најдобрите“ играчки се секаде околу нас – во весниците, на телевизија, на интернет. Голема е в...
4
Инхалација или сируп?
Дилема на секој родител кога детето има воспаление на дишните патишта: дали е поефикасно детето да се инхалира или довол...
4
За нас жените кои уринираме со отворена врата
Го мерам времето со моето бебе по чувствата, по насмевките, по прегратките, по нишкањето, зборувањето, скокоткањето, игр...
4




Анкета

педијатар на форумот
biljanaM

дали сте за педијатар на форумов на кој ќе му поставуваме прашања поврзани со здравјето на нашите малечки?

да (91%)

не (4%)

и така и така (4%)

ќе си го прашам матичниот лекар,се што ме интересира (0%)

повеќе сум за (0%)

повеќе сум не (0%)


Број на сите гласови: 23

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!