|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

10 работи кои бебето во стомакот не ги сака

Редакција Рингераја, 5.7.2020
Дали забележавте дека бебето во матката реагира на силното смеење и на одредена храна, со нагли движења? Некои работи што се случуваат надвор од стомакот бебето во стомакот ги сака, додека други не му се допаѓаат. Погледнете што не треба да правите..

image
/11


Само затоа што не го гледате бебето во стомакот, не значи дека тоа не комуницира со вас. Бебето всушност го прави ова на дневна основа. Бебињата во матката прават различни работи: ја пробуваат храната што ја јаде мајката, клоцаат, реагираат на светлина, а исто така и не им се допаѓаат одредени работи што бремените жени инаку сакаат да ги прават. Во стомакот навистина се случува многу. Не ни верувате? Интернет-порталот „Mom Junction“ направи список на работи што честопати ги прават бремените жени, но на бебињата во матката не им се допаѓаат многу.

 

 # 1 Долга и интензивна смеа

Често се зборува дека ако бремената жена е среќна, бебето во нејзината утроба е исто така среќно. Сепак, ова не е баш точно, барем што се однесува до смеата. Ако идната мајка се смее гласно и долго време, бебето се чувствува како да се наоѓа во бура во течноста, што не сака да запре и продолжува да го фрла. Затоа, обидете се да не се смеете премногу долго и гласно за да не го вознемирувате детето непотребно.

 

# 2 Постојано допирање на стомакот

Во третиот триместар, кога бебето и со тоа стомакот е веќе поголем, мајките честопати го допираат со прсти стомакот за да откријат во која позиција е бебето. Бебињата го сакаат тоа кога се галиш и го допираш стомакот, но не сакаат да се претерува. Не можете да знаете што работи бебето во моментот таму, и ако премногу истражувате со прстите низ стомакот, ова може да стане досадно за бебето, па тој или таа ќе почне да се повлекува од вакви допири.

 

# 3 Ненадејни и гласни звуци

Сите знаеме дека музиката има смирувачки ефект врз неродените деца, не само врз бебињата, туку и кај возрасните. Иако бебето во матката, всушност, ги слуша звуците однадвор повеќе придушени, не му се допаѓа ненадеен шум. Не пуштајте ги на најгласно звучниците кога сте дома или на забава и внимавајте на гласните сирени кога сте надвор.

 

 # 4 Стрес на мама

Исто како што се чувствува мајката, така се чувствува и бебето. Ако сте под премногу стрес, нивото на хормоните на стрес се зголемува брзо и тоа може да влијае на бебето. Опуштете се земајќи длабок здив неколку пати, медитирајќи, практикувајќи јога, правејќи се што ве смирува колку што е можно повеќе.

 

 # 5 светлина

Бебето реагира на светлина и ако вперите силна светлина кон стомакот, тоа дефинитивно ќе му го одвлече вниманието. Премногу светлина го нарушува мирот на бебето, особено ако го правите тоа додека одмара. Ако детето не е расположено да си поигра со светлината, тоа нема да одговори.

 

# 6 Вие и вашиот сон

Како и интензивната смеа, постојаното вртење во креветот го возбудува бебето во матката. Ако детето спие или мирува, брзите движења можат да го исплашат. Затоа, обидете се да се свртите побавно за да најдете удобна положба за спиење.

 

 # 7 Зачинета храна

Бебето во стомакот ја вкусува и храната што ја јадете преку амнионската течност. Добро е да се избегне премногу зачинета храна за време на бременоста. Секој пат кога ќе јадете зачинета или лута храна, обрнете внимание на стомакот бидејќи бебето најверојатно ќе започне да се движи и ќе ве клоца квалитетно.

 

 # 8 Депресивна мајка = тажно дете

Претходно споменавме дека бебето во матката не сака гласна смеа, но тоа не значи дека треба да бидете тажни. Всушност, подобро е да се избегнете тага и депресија, бидејќи тоа негативно влијае на детето. Бебињата исто така плачат кога се уште се во матката, затоа бидете насмеани и среќни што е можно почесто.

 

 # 9 Недостаток на простор

Како што расте вашето бебе, стомакот ви станува потежок и потежок, а во него има се помалку и помалку простор. Во овој случај не можете да направите ништо, но помага ако легнете на креветот и се опуштите. Кога легнувате, бидете колку што е можно повеќе истегнати, а не свиткани.

 

 

# 10 Празен стомак

Како и сè друго што правите, вашиот глад влијае на вашето бебе. Бебето не сака да биде гладно, што дефинитивно ќе ви покаже со ненадејни движења. Секој пат кога ќе се чувствувате гладни или копнеете по одредена храна, побрзајте во кујната. Ќе откриете дека вашето дете ќе биде многу благодарно кога нежно ќе ве гали одвнатре после оброкот.

Знаци дека сте бремена со момче: дали се в...
Кога сте бремени, вие и вашето семејство сте љубопитни да го знаете полот на бебето. Оваа љубопитност, со текот на генер...
244
Суровата вистина за царскиот рез
Замислете да ве испратат на некоја обична операција и по излегувањето од сала да ве пречекаат со мало бебе и да ви кажат...
66
10 изненадувања по породувањето
Претпоставувам дека сите луѓе кои имаат деца веќе го виделе пеколот, па не сакаат да се навраќаат назад. Но бидејќи јас ...
19
Породување: Постои ли нешто поубаво?
Погледнете ги најубавите фотографии настанати при раѓање на нов живот, собрани во неодоливо видео, кое допре многу срца
6


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

/
Jana9

Dali preferirate ketering?

Da (50%)

Ne (50%)


Број на сите гласови: 2

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!