|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Зошто децата треба да си играат во кал?

Редакција Рингераја, 7.6.2016
Надвор од аголот на моето око, ја забележав ќерка ми како со чевлите гази во кал. Две спротивставени слики трепнаа во мојот ум – како јас преморена ја бањам ќерка ми кога целата е во кал и нејзиното среќно, калливо лице
Клучни зборови:

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

Тука имам избор. Да молчам и да ја набљудувам, или да ја предупредам да не ја валка облеката, туку само нозете.

Молчев.

Овде постои магија. Овој момент е достоен за мојата заштита.

Тоа е само нечистотија. Нечистотијата е добра. Вистинската игра е ова што му треба на секое дете.

А сепак, овие искуства се многу ретки за нашите деца. Дали сте знаеле дека според последниот извештај на ОМО “Нечистотијата е добра”, речиси половина од децата на возраст од 5-12 години, имаат просек од нешто повеќе од еден час вистинска игра. Ова е една третина помалку време од потрошеното време во вистинска игра на нивните родители на таа возраст.  Дали ова ве шокира? Би требало! Дали сте толку зафатеништо немаме време за вистинска игра веќе? Мислам дека е време да ги преиспитаме нашите приоритети.

Некои луѓе го истакнаа значењето на вистинската игра за нашите деца, но не беа целосно задоволни од нејзината реализација во реалноста. Што ако им дозволеа на децата да се искачат на дрво, а тие да се слизнат и паднат. Сите ние сакаме да ги заштитиме нашите деца, се разбира, а притисокот кај модерните родители е висок. На социјалните мрежи гледаме совршени слики од деца во нивните домови. Но животот не е таков. Животот е луд, неуреден и уникатен за секое семејство. Вистинскиот живот и вистинската игра не се перфектно наместени пози за фотографирање, туку се совршени такви какви што се.

Децата треба да го доживеат светот со цел да се запознаат со него. Тие треба да си играат и да се дружат со други деца, за да се развијат во прекрасни луѓе. Колку повеќе слушаат “не”, “стоп”,  “внимавај”, толку повеќе можности ќе испуштат. Вистинската игра може да биде гласна и валкана, но тоа нема сомнеж. Но дали ќе дозволиме заради малку неред нашите деца да не се среќни? Гледајќи ги моите деца кои сите одлучија да и се придружат на својата сестра, кои се смееја и пискаа играјќи во густата леплива кај, ви тврдам дека оваа сцена не сакате да ја пропуштите.

 

1

 

Што е толку добро во вистинската игра?

Децата го истражуваат светот со помош на своите сетила. Слободната, неуредна и неорганизирана игра има свои бенефиции, кои вклучуваат:

-          Развивање на доверба и независност.

-          Усовршување на фината моторика и вештина.

-          Координација рака – око.

-          Зголемена концентрација.

-          Експериментирање и развивање на умот.

-          Учење на причинско – последична врска.

-          Добро физичко здравје.

-          Среќа!

Многу од овие вештини не можат да се научат во училница. Им должиме на нашите деца вистинска игра. Не е важно дали живеете во мала куќа или стан, дали имате или немате двор и дали вашата мајка ќе коментира дека децата изгледаат како да не се бањати две недели. Направете да се случи вистинска игра.

Не ме сфаќајте погрешно, знам дека може да биде тешко понекогаш.Имам четири деца и не можам да ви опишам колку многу се валкаат. Јас сум таа која треба да најде начин како да се организира.  Но да ја скратам нивната радост заради куповите алишта за перење – тоа не. Немојте ни вие.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Паметни играчки според возраста на детето
Во прилог е водич за тоа како и на која возраст децата играат, играчки со коишто се забавуваат и им помагаат да го разбе...
6
Народни рецепти против хемороиди
Хемороидите се натечени, но нормално присутни крвни садови во пределот околу анусот и долниот дел од ректумот. Денес ви ...
4
Избираме најубава творба: Богдановска Теодора
Уметничка творба на тема Правата на детето по повод одбележувањето на Детската недела ни испрати воспитувачката на Богда...
4
Маја Аргакијева: Среќна Нова Година!
Среќна Нова 2014 година оф професионалниот фотограф Маја Аргакијева
4




Анкета

uspivanje na deteto
LIUBICA



vo raka so nisjane (27%)

samo vo krevece da se ostava (64%)

tapkanje po gazeto (9%)


Број на сите гласови: 64

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!