Летните месеци се време кога многумина од нас ќе заминат на одмор на некои од туристичките летни дестинации. Но она што не треба да се заборави е и штетното дејство на сончевите УВ зраци
За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Доколку не сме внимателни, уживањето може многу брзо да се претвори во болен престој во хотелската соба.
Со применана соодветни заштитни мерки ќе си обезбедите на себе и на Вашето семејство безгрижен престој за време на Вашиот одмор, па и долго откако одморот ќе заврши.
Изгореници од сончевите зраци третман и превенција
Лицата со потемен тен на кожата се помалку сензитивни на дејството на сончевите зраци, но ризик од изгореници постои кај сите луѓе. При полесни форми се појавува црвенило и, на допир, болна и топла кожа. Во потешките форми може да се развијат меури (везикули), треска, покачена температура, главоболки, општа слабост и останати тегоби.
Потешките форми на изгореници водат и до брза дехидратација и некогаш бараат хоспитален третман. Везикулите на кожата може да се инфицираат и бараат дополнителен антибиотски третман.
Бебињата и децата имаат сензитивна кожа и се изложени на поголем ризик од изгореници и оштетувања при подолготрајна изложеност на сончевите УВ зраци. Потребна е заштита на детската кожа од штетните сончеви УВ зраци при секој престој на отворено.
Што треба да правземете доколку дојде до појава на изгореници
· При појава на изгореници кај деца под 1 година, веднаш да се консултира педијатар, а кај поголеми деца да се консултира педијатар доколку на кожата се појават меури (везикули), појава на покачена температура или болка.
· При појава на изгореници од полесен степен со појава на црвенило на кожата :
- интензивен внес на течности:водаили 100% овошни сокови за надомест наизгубените течности;
- аналгетик сируп Paracethamol или сируп Ibuprofen при појава на болка;
- ладни облоги или туширање на детето со поладна вода;
- локално медицински лосиони само по препорака на доктор;
- да не се изложува на сонце детето се додека промените не се санираат во потполност.
Д-р Јулија Рангеловиќ педијатар во Поликлиника Неуромедика
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Кажете им на претпоставените “не”, без пос...
Наместо да прифаќате се' што сакаат да Ви натрупаат претпоставените и колегите, време е да научите да кажете “не”, кое ќ...
4
Афти
Афтозен стоматит, или уште познат само како „афти“, е заболување на усната празнина кое се карактеризира со појава на ма...
4
Фото: Преубавата "Неџла" со синчет...
Помина една година и еден месец откако популарната турска актерска двојка Фахрие Евџан и Бурак Озџивит станаа родители н...
4
Дете и телевизија
Разбирливо е колку децата денес сакаат да гледаат телевизија, но родителите се тие кои мораат да ги надгледуваат и до од...
3