|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Скриени писма: Кога огледалата ќе се скршат...

Анонимен автор, 21.1.2015
Скршив огледало, пред точно седум години. Најубавото што го имав, со распрснав на најситни парчиња. Сакав да ја скршам љубовта која ми го обзеде телото и умот, љубовта која ми донесе безброј страдања...

image
/11


 

Скршив огледало, пред точно седум години. Најубавото што го имав, со распрснав на најситни парчиња. Сакав да ја скршам љубовта која ми го обзеде телото и умот, љубовта која ми донесе безброј страдања. Сакав да го распарчам ликот на човекот кој ми ја парчоса душата, кој ми однесе дел од срцето, кој ми однесе добар дел од животот и ми внесе црв во свеста.

Се заколнав дека никогаш повеќе нема да љубам! Се затворив во кожурец како гасеница, ги скратив своите крилја на пеперутка и вегетирав. Станав робот со агенда, со прецизно зацртани обврски и до минута исполнет план. Се посветив на домот, децата и надградувањето на себеси како личност. Навечер легнував преморена, задоволна од себе и она што сум постигнала, полна со импресии, а сепак празна. Срцето го користев само за испумпување на крв. Ја загушував секоја екстрасистола, секоја аритмија, секое наговестување дека срцето сака да  ме надмудри, да ме победи.

Чукај таму и молчи, срце мое. Ти немаш мера! Ти не знаеш за усул! Не знаеш да ја консумираш љубовта како скап виски, да дозираш, да оставиш за утре. Го јадеш забранетото овошје во еден здив, веднаш. Не знаеш да пресечеш парче од неа, па да се заблажиш и утре. Ти си срце мое ѕвер  лут со голема челуст. Имаш  моќ да ми го заробиш умот, да ми ја поматиш свеста, да ме втурнеш во бесознание, да ме легнеш на земја како штотуку искосена трева, а потоа да ме оставиш на жешкото сонце да се пржам.

Затоа те оставив само да чукаш и молчиш. Седум долги години.

Бев сигурна дека конечно те победив. Дека те направив послушен орган, дека конечно сум во состојба да те контролирам.  Сега си ти мој роб, наместо јас твој!

И додека ја славев пировата победа, победата над своето срце, над самата себе, над своите чувства, над себе како жена...се случи нешто чудно.

Магијата од скршеното огледало се разби на милиони парчиња, се распрсна во ситни капки, на најситни атоми. Почувствував пукнатини на кожурецот свој гасеничарски. Почнав да колкам и изоптин заради немирот на ова срце ѕвер!Погледнав во календарот и констатирав дека поминале точно седум години.

Кој си ти кој направи пукнатина и се обиде да ја ослободиш пеперутката? Не те ни познавам, а ти успеа да ми го разлупаш срцево. Не направи ништо посебно. Можеби си плод на мојата имагинација, на проклетството фрлено врз мене да се заљубувам? Можеби аманетот оставен од оној кој ме создаде, повторно стапува на сила?  Можеби магично се појави за време на распрснувањето на магијата и се пикна како убаво чувство во некоја пукнатина од ова заробено тело, заробено срце, заробен ум. Кој си ти и како ти успеа, тоа што на многумина не им успеа? Без поглед, без допир, без ниту една топла воздишка лице во лице, без ниту едно срдечно ракување, без телесен контакт? Како се проби низ ова диво месо, низ овој оклоп, низ овие санти мраз?

Се обидувам  навечер да ги убијам пеперутките фаќајќи ги во мрежа, ставајќи ги на стиропор и закачувајчи им топуска. Кога ќе се разбудам наутро мрдаат со крилјата. Се обидувам да ги убијам со денови. Секое следно утро се со поголеми и посилни крилја. Ми даваат некое убаво чувство на топлина во ова замрзнато тело. Нека ги, нека подлетнуваат, си велам...убаво ми е.

Само да не допрат до гејзерот, до оној извор на врела вода кој дамна е затрупан.  Ги држам понастрана оттаму. Недај Боже да распретаат таму со крилјата. Е тогаш тешко мене!

Повторно ќе треба да кршам огледала...

 

1


Авторите на скриените писма остануваат непознати за јавноста.

Рингераја.мк гарантира НЕ откривање на нивниот идентитет.


Станете и вие анонимен автор на Рингераја.мк

Испратете e-mail на glaven.urednik@ringeraja.mk

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Највисоко ниво на хигиена за вашето семејс...
Пролетта редовно ја дочекуваме со планови, меѓу другото, за генерално чистење на домот со кое дефинитивно ќе и кажеме зб...
9
Северина во бикини без грам шминка
Северина е сликата на терасата од хотелот Falkensteiner Hotel & Spa во бикини, без грам шминка и фотошоп. Погледнете как...
4
Бред Пит – крал на дијамантите!
Славниот глумец ја запроси мајката на своите деца, Анџелина Џоли, но иако ова му е трета венчавка, тој остана верен на с...
4
Создадете подобар живот
Својот живот го заробувате во негативни мисли и енергија ако го трошите на она лошо што може или би можело да се ...
2




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?