|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Подгответе го телото за здрава бременост

Александра Олјеска, 22.1.2023
Да се забремени понекогаш не е толку лесно како што изгледа. Додека некои двојки се „плодни“ и зачнуваат без било какви проблеми и обиди, на некои двојки им треба малку повеќе време да „ направат дете“.

image
/11


Да се забремени понекогаш не е толку лесно како што изгледа. Додека некои двојки се „плодни“ и зачнуваат без  било какви проблеми  и обиди, на некои  двојки им треба малку повеќе време да„ направат дете“. Тоа што не сте останале бремени извесно време не значи дека имате сериозни  проблеми, но тоа  значи дека телото Ви зборува дека можебу му треба посериозна подготовка за да издржи девет месеци напор што го бара бременоста. Со усвојувањето на  нови здрави навики, со ослободување од стрес и со здрава исхрана сигурно полесно ќе зачнете и ќе го подготвите телото за нови предизвици во следните девет месеци.

Посетете гинеколог

Стресот на работа или одредено работно место и опкружување може да биде пречка за Вашата плодност. Ако постојано сте изложени на нездраво опкружување,  и постојано сте под стрес тоа може многу да влијае на Вашата плодност. Ако планирате да забремените задолжително посетете гинеколог. Замолете го освен редовниот преглед, земање ПАП тест и ултра звук да Ве упати и на лабараториско испитување за да ги откриете можните предизвикувачи на полни болести и на спонтани абортуси.Таквите болести или бактерии потребно е да се излекуваат пред бременоста. Ако имате дијабетес или некое друго хронично заболување, гинекологот ке Ви даде посебни упатства за текот на бременоста. Исто така потребно е да го посетите и Вашиот стоматолог. Нека Ве прегледа и по потреба нека Ви ги поправи забите бидејки во текот на бременоста може да дојде до засилено создавање кариес  и  воспаление на непцата. Доколку имате  некои  сериозни проблеми со забите тие треба да се решат пред бременоста.

Телесна тежина и витамини

Прекумерната тежина најверојатно нема да биде пречка за да забремените, но во текот на бременоста сигурно ќе претставува проблем со оглед на килограмите кои во текот на бременоста ќе се придодадат. Затоа потребно е да се послуша совет од нутриционист и да се обидете да симнете некој килограм пред да забремените. Најважно е пред бременоста да се хранита здраво, со многу овошје и зеленчук, за Вашето тело да биде здраво и полно со витамини и минерали. Секој ден треба да јадете покрај зеленчук и овошје и житни продукти, тестенини, риба, млеко и јогурт и друг вид на храна богата со калциум. Секако потребно е да се намалат слатките, солените и масни јадења. Многу е важно пред бременоста да не сте анемични бидејки во текот на бременоста анемијата би можела да биде  вистински проблем. Затоа јадете храна богата со железо, како што е црвеното месо и други производи богати со железо. Почнете да земате и фолна киселина (еден од Б витамините). Тој е единствен витамин кој се препорачува пред бременоста бидејки на телото му е потребен за да може да произведува црвени крвни клетки. Исто така, фолната киселина го намалува ризикот детето да се роди со телесни деформации кои најчесто се јавуваат во првите недели од бременоста. Ако досега не сте ја прележале рубеолата или не сте вакцинирани од неа, задолжително направете го тоа пред бременоста. Доколку заболите од рубеола во текот на бременоста, органите на бебето и централниот нервен систем нема да се развијат.

Пушење и кофеин

Престанете да пушите или барем намалете го количеството на цигари пред  да се обидете да забремените. Пушењето може да влијае врз овулацијата кај жената и врз бројот на сперматозоиди кај мажите. Исто така и кофеинот може да влијае врз  плодноста кај жената. Два филџани кафе(околу 300 милиграми кофеин) може да влијае врз плодноста. Ако земате одредени лекови, задолжително треба да се посоветувате со гинекологот. Некои таблети може да влијае врз способноста да се забремени, но исто така може да влијае и врз развојот на фетусот.

Сигурен рецепт

Според некои истражувања брачните двојки кои се обидуваат да добијат бебе потребно е да имаат редовни полни односи, а тоа подразбира барем на секои два, три дена и тогаш речиси сигурно  остануваат бремени во текот на една година. Токму сексот секој втор или трет ден е најдобар начин да забремените. Двојките вообичаено се советуваат да остават период од една до две години за зачнување, пред  да побараат совет од гинеколог. Еден од најлесните начини е да бележите кога имате овуалција и да ги бележите деновите на менструалниот циклус. Тоа ќе Ви помогне без доплонителен стрес  да ги поттикнете одредените активности кои без проблем ке доведат до бебенце.

 

СРЕЌНО!

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Ксенија Николова: За сите борци со стерилитет
Се што ми лежи на душа во едно видео.За вас, за нас
3
Забремени, иако не го видела сопругот 15 г...
Палестинката Далил Зибен успеа да забремени иако веќе 15 години не го видела сопругот и роди здраво момче. Таткото е чле...
3
Приказната на Вишња Томиќ
Рингераја.ба за мене е како мое семејство, мој дом каде секогаш можам да влезам, во кој сите се добредојдени. Место каде...
2
Интраутерина инсеминација
Интраутерината инсеминација е постапка при која спермата се промива, концентрира и директно се вбризгува во матката на ж...
2




Анкета

Тежина за време на бременоста.
пеперутка16

Дали се здебеливте за време на породувањето? Колку?