Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Замрзнувањето на ембриони им овозможува на двојките да имаат повеќе циклуси на IVF со јајце клетки собрани во текот на еден третман. Со замрзнувањето на ембрионите двојките имаат можност да ги користат претходно замрзнатите, а да ги замрзнат новите ембриони.
Денес научниците сугерираат да се користат замрзнати ембриони, при ембриотрансфер во IVF, со цел да имаме поздрави бебиња, добра родилна тежина и способност на бебето да издржи до крајниот термин на бременоста, без да биде родено предвреме.
На годишниот состанок во Лидс, по повод плодноста на Британското општество, покажани се резултатите од мерењето на тежината и должината на гестацискиот живот на 384 бебиња родени по ембрио трансфер од свежи ембриони и 108 бебиња, родени по ембрио трансфер од замрзнати ембриони.
Во студијата не се опфатени двојки и тројки, туку само единечно родени бебиња.
Бебињата родени од замрзнати ембриони биле во просек по 253 грама потешки од оние кои се родени од свежи ембриони, покажаа резултатите.
Замрзнатите ембриони имаат за 0,65 недели подолг гестациски живот, од бебињата кои се родени од свежи ембриони. Главниот истражувач, Suzanne Cawood, заменик шеф на ембрилогија во Центарот за репродуктивно и генетско здравство во Лондон изјави: ”Наша цел за сите асистрирани репродуктивни технологии е да ги утврдиме постапките преку кои ќе допримесеме за оптимално здравје на децата родени со IVF. Нашата студија сугерира дека бебињата родени од замрзнати ембриони имаат значително подолг гестациски живот и се раѓаат со попголема родилна тежина од бебињата родени од свежи ембриони”.
Ова е многу важно бидејќи предвременото раѓање и ниската родилна тежина претставуваат фактори на ризик за полошо здравје и потешкотии во учењето. Студијата констатира дека би имале потенцијално поздрави бебиња доколку се пренесуваат замрзнати, а не свежи ембриони при ембрио трансфер.
Причините за ваквите резултати од овие наоди сеуште не се доволно расветлени, но се смета дека постои разлика во животната средина на матката кога свежите ембрионите се трансферирани веднаш по пункцијата за јајце клетките, во споредба со трансферирање на замрзнати ембриони во период кога матката не е стимулирана во деновите пред трансферот.
“Сепак, потребни се понатамошни истражувања и потребно е да се тестира оваа хипотеза.”-велат од Центарот за репродуктивно и генетско здравство во Лондон.
8
5
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Колку дена пред овулацијата можете да забремените?
Многу луѓе мислат дека бременост е можна само на денот на овулацијата,...
Првите 24 часа по породувањето. Што да очекувате?
Првите 24 часа по породувањето се период на големи физички и емоционал...
Самопреглед и преглед на тестисите. Зошто се важни?
Редовниот самопреглед на тестисите е едноставна навика која им помага ...
Пренатална депресија е форма на депресија која се јавува за време на б...
Како бебињата ја доживуваат играта?
За бебето, играта не е само начин да го помине времето. Таа е главниот...