vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Според неодамнешно американско истражување, број на мали деца кои во периодот од 2001-2009 година побарале итна помош заради гушење со храна изнесува 112.000.
Етикетирани како најопасни производи, од кои најчесто доаѓа до гушење кај децата, се тврдите бомбони. Во текот на осумгодишната студија во Америка, дури 15% побарале помош од лекар заради гушење. Останати производи со кои треба да се биде внимателен се сите останати бонбони, месо со коска, овошје и зеленчук, семки, тврдо овошје, чипс, пуканки, кекс, колачи и помфрит...
Голем број од децата кои се гушеле со овие производи биле пуштени дома, но мал дел од нив сепак морале да бидат хоспитализирани, а тоа се во главно оние кои останале без здив заради јадење семки, јаткасто овошје, школки, па дури и виршли.
Просечна возраст на децата кои најчесто се гушат е 4 години и повеќето од нив се момчиња. Неразвиените заби се најчеста причина заради која доаѓа до влегување на храната во дишникот. Зголемената активност исто така ги зголемува шансите за гушење.
Истражувачите советуваат дека децата никако не треба сами да јадат производи кои личат на дишните органи (виршли), храна која тешко се џвака (овошје и зеленчук) и храна која се консумира од рака (јаткасто овошје). Секако, на децата под 5 години не треба да им се даваат мастики и тврди колачи, а овошјето и зеленчукот задолжително да се сечат на мали парчиња.
4
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Колку се чести уринарните инфекции кај децата?
Уринарните инфекции се меѓу почестите бактериски инфекции во детската ...
Зошто е важно да влезете во бременоста со здрава тежина
Тежината пред бременоста може да влијае врз плодноста, текот на бремен...
Новороденчињата поминуваат голем дел од денот во сон, но нивниот ритам...
Преминот од пелени кон нокшир е важен чекор во развојот на детето. ...
Причини за вагинална сувост во бременоста
Бременоста носи бројни хормонални промени што влијаат врз целото тело,...