|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Најважни факти за еболата

Редакција Рингераја, 16.10.2014
Еболата е опасна, често фатална болест. Вирусот од животните се пренесува на луѓето и понатаму се шири на популацијата по пат на директен контакт со заразената личност, пренесува Guardian
Клучни зборови:

image
/11


 

Вирусот на ебола за прв пат е откриен во Демократска Република Конго (тогашен Заир) во 1976 година и може да се сретне во многу земји во Африка. Периодични епидемии се појавувале од откривањето на еболата, но моменталната епидемија во западна Африка, која започна во Гвинеја во март 2014 година е најголема и најсмртоносна во историјата.

 

Што е директен контакт?

Директен контакт значи дека крвта и телесните течности на инфицираната личност, или нејзиното тело, ги допреле очите, носот, устата или отворена рана на здрава личност. Луѓето исто така можат да се заразат преку контаминирана површина и материјали, вклучувајќи постелнина и облека.

 

Што се телесни течности?

Телесните течности вклучуваат крв, плунка, слуз, измет, пот, солзи, мајчино млеко, урина и сперма.

 

Дали еболата може да се пренесе преку кивање?

Можно е да се прошири еболата по пат на кивање и кашлање, но здравствените претставници тврдат дека  тоа е малку веројатно. Плунка или слуз на заразената личност би морале да влезат во очите, носот или устата или на отворена рана, за болеста да се рашири.

 

Кои се симптомите?

Највообичаен симптом е високата температура, обично повисока од 38,6 степени Целзиусови. Други симптоми може да бидат сериозна главоболка, дијареа, повраќање, болки во стомакот и во посериозни случаи внатрешно или надворешно крварење.

Симптомите се појавуваат меѓу 2 и 21 ден по изложеност на ебола, но обично по 8-10 дена.

 

Дали можат да ја пренесат комарци?

Не постојат докази кои би го поддржале ова. Луѓето, лилјаците, мајмуните и горилата имат способност да пренесат ебола, но моменталните докази говорат дека комарците и другите инсекти не можат да ја пренесат.


Дали се пренесува преку воздух?

Моментално не.


Дали може да мутира и да стане и да стане пренослива преку воздух?

И додека кај сите болести има мутации, стручњаците тврдат дека постои мала веројатност дека вирусот ќе успее да мутира толку да стане пренослив преку воздух.

Ебола вирусот порано не мутирал на овој начин и стручњаците тврдат дека не постои вирус кој се трансформирал на овој начин кога се во прашање луѓето.

 

Дали постои лек? Дали постои вакцина?

Не, но напорно се работи на изнаоѓање на лек. Експерименталниот лек Zmapp користен е за третман на некои пациенти, вклучувајќи и двајца американски мисионери. Засега не е познато каква била улогата на лекот, ниту дали ја има, во процесот на оздравување на овие пациенти.

Неколку лекови со забрзана процедура се ставени во фаза на тестирање, вклучително и Zmapp, но стручњаците тврдат дека ќе бидат потребни месеци, па дури и години, за да се произведат доволно лекови потребни за контрола на моменталната епидемија.

Во овој момент, разликата меѓу животот и смртта кај пациентите заразени со ебола спадната е на основните интервенции: давање доволна количина на течности, одржување на крвниот притисок и намалување на ефектот на другите инфекции кои можат да го ослабат имуниот систем на организмот.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Преголема приврзаност кон мама
Оваа фаза од развојот на детето настапува околу првата година. Во овој период навистина изгледа невозможно да се ослобод...
9
Ортопедски проблеми кај децата
Како што поминува времето, можеби забележувате дека вашето дете не расте сосема според правилата. Кај многу деца се јаву...
4
Покачен ЦРП кај деца
Иако многу родители не го знаат значењето на скратеницата CRP, тие се свесни дека неговите вредности можат да покажат да...
4
Јајца од јапонска препелица –мала енергетс...
Во поново време, лековитите својства на овие јајца се истражувани од страна на бројни научници од целиот свет. Резултати...
4




Анкета

Доење.
пеперутка16

Колку долго доеше?