|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Моите деца не ме слушаат!

Susan Stiffelman, семеен терапевт, 13.5.2016
Не е важно колку пати ќе им кажам на децата да направат нешто, освен ако не направам нешто драматично, како гласно викање или исклучување на компјутерот од струја, тие не слушаат. Помогнете ми!
Клучни зборови:

image
/11


 

Кога нашите деца ќе не видат дека доаѓаме до нив, тие знаат дека ние веројатно: а) ќе бараме од нив да направат нешто што не сакаат б) ќе им кажеме да престанат да го прават она што им е забавно.

Повеќето родители признаваат дека интеракцијата со децата им е во главно давање на задачи. Фер е да се каже дека повеќето задачи кои им ги даваме на децата, го намалуваат времето за нивната забава.  Ако гледате од нивна перспектива, сфатливо е што децата се прават дека не не слушаат. Во прилог се неколку совети за да го подобрите степенот на комуникација со децата:

-          Имајте повеќе другарска интеракција. Потрудете  се да имате барем една активност на ден заедно со децата, која ќе биде забавна. Придружете им се таму каде што си играат и прашајте ги што планираат да играат следно. Поканете ги да ви кажат некој виц. Или изненадете ги со голема прегратка.

-          Бидете луди. Зборувајте со смешен акцент. Гестикулирајте. Кога децата ќе сфатат дека и родителите знаат да се забавуваат, ќе им биде потешко да ги игнорираат.

-          Не го толкувајте нивното однесување како нешто лично против вас. Многу пати ги влошуваме работите бидејќи мислиме дека кога децата не не слушаат, имаат нешто против нас. Кога нема да ве слушаат како ги повикувате на масата да вечераат, бидејќи гледаат нешто интересно на ТВ, повторувајте: Не е ништо лично, не е ништо лично.

-          Зацврстете ги меѓусебните врски. Кога работам приватно со деца, кои уѓасно не ме слушаат, ми велат дека многу често се игнорирани од нивните родители. Погрижете се за тоа вашите деца да не се чувствуваат запоставенмо. Бидете заинтересирани за она што сакаат да ви го кажат. Забележете го сјајот во нивните очи кога разговараат со вас. Демонстрирајте слушање, ако сакате да ве слушаат.

-          Бидете економични со зборовите. Децата обично не ги слушаат родителите, бидејќи родителите зборуваат...и зборуваат...и збореуваат. Зборувајте јасно и кратко. Колку помалку зборови користите, толку поголем резултат ќе постигнете.

“Осум е часот. Време е за пижами.

Играчките треба да се исчистат. Вечерата е готова.”

Обидете се со овие примери и можете да забележите позитивен резултат.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Зошто играта е „работа“ на детето?
Иако на возрасните играта им изгледа како забава, кај децата таа има многу подлабоко значење. Играта е природен начин пр...
4
Зошто многу деца имаат говорно-јазични про...
Логопедот д-р Наташа Чабаркапа ни кажува кој е бавен говор, кој се занимава со развојот на говорот и што ни донесе модер...
4
Интервју: Др. Митка Тренчева
Со посебно задоволство и почит ја претставуваме Др.Митка Тренчева, докторка - педијатар.
4
Зошто кашлицата е најлоша ноќе?
Силната и упорна кашлица често станува уште понепријатна во текот на ноќта, токму кога конечно сте планирале да се одмор...
4




Анкета


Adrijana

Koe ime vi se dopaga najmnogu?

Tino (16%)

Teo (57%)

Tomi (27%)


Број на сите гласови: 112

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!