|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Инфекции во бременоста, опасни по бебето

Редакција Рингераја, 16.12.2015
Настинката во бременоста, обично не е причина за загриженост, но постојат инфекции кои можат да го загрозат вашето неродено дете. Доколку се запознаете со фактите, ќе знаете како треба да се заштитите – себе и своето дете
Клучни зборови:

image
/11


 

Токсоплазмоза

Токсоплазмозата ја предизвикува паразит кој живее во недоволно варено или сирово месо, непастеризирано козјо млеко, производи на база на козјо сирење, на неизмиен зеленчук и овошје и во мачкиниот измет. Симптомите на болеста се слични на грип, но во повеќето случаи инфекцијата не покажува никакви симптоми. Отприлика една третина жени се имуни на оваа болест.

Кои се опасностите по бебето?

Последиците можат да бидат оштетување на видот и мозокот, но во некои случаи спонтан абортус или мртво родено дете. Доколку се сомнивате дека сте заразени, направете анализа на крвта. Во случај ако наодот е позитивен, со понатамошните испитувања ќе се утврди кога дошло до инфекцијата и дали постои ризик за вашето бебе. Позитивниот резултат може да значи дека во одреден период од животот сте биле заразени, но дека вие и вашето бебе моментално сте имуни.

Како да се заштитите?

Избегнувајте непастеризирани производи, сирово и недоволно печено месо и јајца и секогаш мијте ги темелно овошјето и зеленчукот. Дополнително ќе бидете заштитени ако пред јадење редовно ги миете рацете со антибактериски сапун. Задолжително носете хигиенски ракавици кога ја празните кутијата на мачката со песок, или извршувате работи во градината.

 

Варичела

Оваа инфекција предизвикува чешање и појава на пликови на кожата. Се пренесува преку воздух, или преку директен контакт со заболено лице.

Кои се опасностите по бебето?

Ако се инфицирате во текот на првите 20 недели од бременоста, постои извесен ризик дека ќе дојде до фетални абнормалности, односно проблеми со очите, пониска телесна маса од нормалната и побавен развој. Доколку се заразите непосредно пред породувањето, ќе го заразите и бебето, што е многу сериозен проблем.

Како да се заштитите

Ако порано сте имале варичела, имуни сте. Доколку не сте сигурни дали сте имале или не, избегнувајте контакти со заразени лица.

 

Рубеола

Кај децата може да се појави чешање, но понекогаш симптомите изостануваат. Кај возрасните температурата може да биде покачена, се јавува чешање, болка во зглобовите и зголемување на жлездите. Рубеолата ретко се јавува во денешно време.

Кои се опасностите по бебето?

Ако ја добиете во текот на првите три месеци од бременоста, вашето бебе може да ја добие и да се предизвика оштетување на срцето, нервниот систем, видот и слухот. Постои опасност од спонтан абортус, или раѓање на мртво бебе.

Како да се заштитите?

Пред да забремените, замолете го лекарот да го провери вашиот имунолошки систем и да ве вакцинира, ако е неопходно. Во случај да не сте стекнале имунитет на оваа болест, избегнувајте лица кои се инфицирани.

 

Листериоза

Исклучително ретка инфекција, која се пренесува со консумирање на непастеризирано млеко или производи од непастеризирано млеко и недоволно варена храна. Предизвикува гастроинтестинални проблеми и треска.

Кои се опасностите по бебето?

Може да предизвика спонтан абортус во доцната фаза од бременоста, или предвремено породување

Како да се заштитите?

Не консумирајте млечни производи кои не се пастеризирани, козјо млеко, или производи на база на ова млеко. Исто така, бидете претазливи со храната која ја затоплувате, а ако јадете готови јадења погрижете се да извријат, пред да ги ставите во чинија.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Лажни или вистински контракции
Кон крајот на бременоста, многу жени чувствуваат затегања во стомакот што можат да предизвикаат дилема: дали започнува п...
12
10 луди работи што се случуваат во вашето ...
Додека го поминувате својот вообичаен ден, сето ова се случува токму во вас. Кул (и малку чудно), нели?
7
Труднички маки на духовит начин
Лин Северинсен, мајка на две деца од Берген, се прослави со серија комични илустрации кои ги прикажуваат сите искушенија...
5
Синусни инфекции: кога антибиотикот е посл...
Синусите се празни простории во черепот кои се полнат со воздух, но понекогаш и со течност поради воспаление. Кога се ин...
4




Анкета

„Намаз“.
пеперутка16

Дали верувате во „намаз“ и дали се заштитувате себеси и вашето дете од него? Се прашувам колку ние во Македонија сме оптоварени со намаз, додека во некои делови од светот дури и не знаат што е намаз?