vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Кога наполни годинка Бисера, почнав полека да размислувам околу тоа, и бидејќи обожаваше да цица мислев дека ќе имаме голем проблем.
Цицаше наутро штом се разбудеше, пред дневната дремка (така се успиваше),помеѓу ручек и вечера, пред спиење (исто така се успиваше) и ако се разбудеше во текот на ноќта.
Прв чекор за одвикнувањето ми беше тоа да не и давам во некој момент од денот за кој сметам дека не и е потребно. Тоа беше помеѓу ручекот и вечерата. После извесен период се обидов да и дадам млеко во шише за да се успие(дневна дремка) и за среќа прифати. Па потоа почнав да и давам шише и за ноќното успивање, исто прифати без проблем. Ни остана само утринското доење, бидејќи преку ноќ престана да се буди. Негде декември, приметив дека самата се одбива. Односно почна да цица кратко, буквално секунди,па сфатив дека нема потреба повеќе ни од утринското доење. И го заменив со млеко во шише. Воопшто не и засмета, и воопшто не бараше да цица. Е сега дали е до девојчето, дали е до тоа што јас имам среќа не знам, но поминавме супер.
Сега веќе пие млеко само пред спиење.
Што сакам да ви порачам на тие што сте, ќе сте во процес на одвикнување. Само трпение, ништо не може преку ноќ.
5
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Како функционира апликацијата за следење на овулацијата
Апликациите за следење на овулацијата им помагаат на жените подобро да...
Зошто е важно да ги препознавате сигналите на телото?
Нашето тело постојано ни испраќа сигнали. Понекогаш тие се суптилни ка...
Односот на детето кон храната се гради уште од најрана возраст, а роди...
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...