|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Битолското Чупе кај малите гевгеличани

БиМилк, 22.12.2017
Во рамките на големиот хуманитарен проект „Собираме и ре-креираме со Бимилк“, денес Битолското Чупе беше во посета и на градинката „Детска радост“ во Гевгелија

image
/11


 

Во присуство на голем број насмеани дечиња, таа низ пригодна детска програма раскажуваше за важноста од зачувување на животната средина и стекнување здрави навики уште од најрана возраст.

 

Ова беше всушност осмата од вкупно 12 креативни и едукативни работилници, кои во текот на декември се одржуваат низ повеќе градинки ширум Македонија. Во претходниот период, тие во голема акција ги собираа празните амбалажи од Битолско млеко и од нив понатаму изработуваа разни корисни предмети.

 

Целта на овие работилници е децата да се стекнат со навики за рециклирање и грижа за природата, а истовремено да се поттикне и нивната хумана страна, бидејќи предметите кои тие ги изработиле на 23 декември ќе бидат изложени на голем предновогодишен хуманитарен базарна кој собраните средства ќе бидат донирани за СОС Детско село Македонија.

 

Хуманитарниот базар ќе има и пригодна детска програма, во која Битолското Чупе и Ивце Пивце ќе ја имаат главната улога, а истиот ќе се одржи во Веро Центарот во Скопје со почеток од 12 часот.

 

Претходно креативни работилници се одржаа во дел од градинките во Охрид, Битола, Скопје, Кавадарци и Пробиштип, а по посетата на Гевгелија, Битолското Чупе ќе патува и во Тетово и Куманово.

 

Инаку, Битолска млекара го најави „Собираме и ре-креираме со Бимилк“ како голем пилот-проект кој ќе продолжи и во наредните години, с? додека не се покријат сите деца од цела држава, со цел долгорочно да се влијае на навиките за зачувување на средината.

 

1

 

2

 

3

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Собираме и рекреираме во градинката Јасна ...
Градинката „Јасна Ристеска“беше домаќин на Битолското Чупе и првата работилница во Охрид за зачувување на животната сре...
2
Даниел Кајмакоски со децата од СОС Детско ...
Предновогодишниот период е времето од годината кога подаруваме љубов, кога споделуваме убави мигови, кога создаваме спом...
2
Финансиски извештај за ДАНУ Филантропија
Финансиски извештај за 2013 година
2
БиМилк и Рингераја наградени за Прегратка ...
Министерството за економија на РМ заедно со националното Координативно тело за општествена одговорност им доделија награ...
2




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?