Таратур
Автор:
Редакција Рингераја
Идеално за освежување
Подготовка
Лукот се дели на чешниња и се лупи. Чешнињата се ставаат во дибекот со с? солта и се толчат с? додека не се добие еднолична маса. Во дибекот се додава сето масло и со толчникот се меша с? додека маслото не се впие во истолчениот лук. Масата треба да добие конзистенција слична на мајонез. Киселото млеко се истура во длабок порцелански или стаклен сад и во него се додава истолчениот лук. Се меша за да се изедначи. Ако киселото млеко е прегусто, некои додаваат малку студена вода. Други пак претпочитаат тараторот да остане погуст. Краставиците се мијат и се лупат. Потоа со остар нож се сецкаат на ситни парченца. Наместо нож може да се употреби ренде. Иситнетите краставици се додаваат во смесата. По можност, се зачинува со листови свеж копар.
Време на подготовка од: 10
Време на подготовка до: 15
Kомплицираност: 1
Состав
* една глава лук
* половина килограм кисело млеко
* две свежи краставици
* 100ml сончогледово или маслиново масло
* една мала лажица сол
-
забава Бремените
Автор: bobik Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...
Анкета
Jana9
Dali odite na fudbalski natprevari?
Da (0%)
Ne (100%)
Ponekogas (0%)
Број на сите гласови: 1
Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!

