Лазања
Автор:
Редакција Рингераја
@my_little_kitchen_stories ви препорачува
Подготовка
Најпрво ситно го сецкате кромидот и на тивок оган го пропржувате, па потоа го додавете доматното пире и динстате 10тина минути. Потоа го додавате меленото месо и зачините (сол, бибер, босилок) и промешувате. Оставате 10 минути убаво да се згусне смесата и месото да се пропржи. Во друг длабок сад го подготвувате бешамелот. Го ставате путерот на тивок оган да се стопи и го додавате брашното, промешувате кратко и го додавате млекото. Мешате до добивање на густа хомогена смеса. Плехот каде ќе ги печете лазањите го премачкувате со путер. Ставате ред кори, бешамел сос, па смесата со мелено месо. На крај преливате со бешамел сос и додавате малку но не да ги покриете целосно лазањите. Плехот го покривате со алуминиумска фолија и печете на 200°Ц, 30тина минути. Ги вадите надвор лазањите, ставате рендан кашкавал и без фолија се потпекуваат уште 5-10 минути.
Време на подготовка од: 30
Време на подготовка до: 50
Kомплицираност: 4
Состав
• 1 пакување кори за лазања
• 400 гр мелено месо
• 2 главици кромид
• 300 гр доматно пире
• 300 мл млеко
• 100 гр путер
• 4-5 лажици брашно
• кашкавал
• зачини по вкус
-
забава Бремените
Автор: bobik Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...
Анкета
Jana9
Dali odite na fudbalski natprevari?
Da (0%)
Ne (100%)
Ponekogas (0%)
Број на сите гласови: 1
Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!

