|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Постпородилна депресија
4.1.2010 0:31:20   
ripce
Постпородилна депресија се надминува со љубов

Постпородилната потиснатост е прилично честа и може со право да се нарече нормална состојба, но ако е нагласена и продолжена, може да биде прв знак за развој на постпородилна депресија.

Доброто емоционално чувствување на мајката по породувањето е од животно значење за развојот на односот меѓу неа и новороденото. Раѓањето на детето и мајчинството се значајни моменти во животот на жената и често се проследени со силен биолошки, психолошки и социјален стрес, што може да предизвика или да ги нагласи емоционалните пречки кај мајката.

Постпородилниот реактивен синдром вклучува широк спектар психијатриски болести како што се шизофренијата, психоневрозата, но најчеста е постпородилната депресија, која може да биде дискретна и вообичаено се нарекува постпородилна потиснатост, но може да се развие и во вистинска форма на психоза.

Постпородилната потиснатост се јавува 48 часа по породувањето и се манифестира со зголемена емоционална лабилност и со, на прв поглед, необјаснива и неочекувана плачливост. Мајката се чувствува физички и психички исцрпена. Таа состојба најчесто исчезнува постепено за два до три дена, а понекогаш трае и до десет дена. Во тој период на мајката и се потребна поддршка и разбирање од медицинскиот персонал и од членовите на нејзиното семејство.

Но, ако потиснатоста продолжи или симптомите се влошуваат, тоа може да биде прв знак за развој на постпородилна депресија.

Вистинска постпородилна депресија може да се појави во првите шест месеци по породувањето, но најчесто се појавува во времето кога мајката се враќа во домашна средина. Тогаш мајката, од една страна, е лишена од чувството на сигурност што го нуди породилиштето, а од друга страна, изложена е на стресовите поради мајчинството и грижата за другите членови на семејството.

Најтешката форма на постпородилна депресија, депресивна психоза, не е тешко да се препознае. Лесно се забележуваат самоубиствени мисли, обиди за самоубиство, халуцинации, закани со насилство или насилство врз детето.

Многу почесто се јавуваат полесни форми на депресија, кои полесно и се предвидуваат. Најчести симптоми се несоница, немање апетит и губење на телесната тежина, немир, апатија, зголемена раздразливост, емоционална лабилност, чувство на очај и безнадежност, нерешителност, деконцентрација, а чести се и психосоматските тегоби, во прв ред гастроколичните. Жените често имаат чувство дека не можат да сакаат или не можат доволно да сакаат. Истовремено, недефинирано е чувството кон детето, кое кај умерените случаи се манифестира со одбивање на мајката да го храни детето, таа нема желба да го види или воопшто не покажува интерес за него.

При рутински прегледи треба да се забележи податок за психоза по претходни породувања, но и појавите од типот дека сопругот не ја сака, дека бременоста е несакана или непланирана, дека има брачни тешкотии или дека не е во брак или е разведена. Ако во семејството на трудницата имало семејно насилство, патолошка љубомора, лоша идентификација со мајката, сето тоа може да значи предиспозиција за депресивна психоза.

Гинекологот, лекарот од општа практика, педијатарот и другите здравствени работници мора на жената да и обезбедат максимална емоционална и физичка потпора за време на бременоста, породувањето и во периодот по породувањето. Потребно е да му се објасни на сопругот колку на жената и значи чувството на љубов и сигурност. На жената мора да и се обезбеди максимална емоционална потпора и физичка помош од семејството, сопругот и од пријателите. Кога се чини за потребно, психотерапијата може да почне и во текот на бременоста.

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: Постпородилна депресија
4.1.2010 0:37:13   
Еца
Родив две деца и добив впечаток дека кај нас многу малку, скоро и воопшто да не се внимава на постпородилната депресија. Бев и на гинеколог, и на педијатар, и кај матичната и ниту еден не ме праша како се чувствувам психички, дали сум добро или што и да е... И многу жени патат од постпородилна депресија, но некако не сакаат да зборуваат за тоа, едноставно како да се плашат од коментарите на околината. Дали и вие сте го почувствувале истото?

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: Постпородилна депресија
4.1.2010 0:41:48   
nadica
да тоа дека никој не обрнува внимание ниту те прашува како стоиш на тоа поле само физичката спремност на жената се забележува другото како да е нешто од кое се плашиме и страмиме но тоа е нашиот менталитет па и за др. оние кои треба да се грижат како за физичкото така и за психичкото здравје на своите пациенти

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: Постпородилна депресија
4.1.2010 0:43:13   
ripce
Јас не се срамам да признаам дека не сум истата личност откако се породив, а се плашам дека никогаш нема ни да бидам како пораноuser posted image поминаа 10 месеци, а јас уште не можам да се вратам во колосек... буквално за ситници знам да се расплачамuser posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: Постпородилна депресија
4.1.2010 0:47:42   
Еца
Сметам дека треба многу повеќе внимание да се обрати на оваа состојба кај жената, бидејќи сите сме различни, некои психички постабилни, некои помалку стабилни и самото рагањет на детето и самите ппсихички и физички промени кои настануваат кај жената, можат да бидат како позитивни така и негативни. 

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 30
   RE: Постпородилна депресија
4.1.2010 0:47:44   
nadica
сосема е нормално тоа што не сме истите без разлика дали сме поминале или не низ фамозната постпородилна депресија што ретко се споменува

user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

< Поракaта ја уредил nadica -- 4.1.2010 0:48:09 >


_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 31
   RE: Постпородилна депресија
4.1.2010 0:49:50   
Еца
Па еве јас мислам дека сум во депресија и покрај позитивниот став кој го имам кон сите нешта, бидејќи знам за ситница да се расплачам, знам и за ништо да му се издерам на мм, знам без причина да станам нервозна и да не знам што ме нервира....сепак тоа се симптоми на депресија.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 32
   RE: Постпородилна депресија
4.1.2010 0:50:57   
ripce
ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца

Па еве јас мислам дека сум во депресија и покрај позитивниот став кој го имам кон сите нешта, бидејќи знам за ситница да се расплачам, знам и за ништо да му се издерам на мм, знам без причина да станам нервозна и да не знам што ме нервира....сепак тоа се симптоми на депресија.


истата сум и јас!

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 33
   RE: Постпородилна депресија
4.1.2010 0:59:25   
nadica
и јас сум иста


подобро да се пријават тие што не се такви

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 34
   RE: Постпородилна депресија
4.1.2010 1:00:10   
ripce
ИЗВОРНА ПОРАКА: nadica

и јас сум иста


подобро да се пријават тие што не се такви


се плашам дека нема таквиuser posted image

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 35
   RE: Постпородилна депресија
4.1.2010 1:05:21   
Еца
И што сега ние што сме вакви,...мислам зборувам за сите ние кои немаме префектен брак, се разбираме нели, јас сметам дека на оваа тема не се зборува многу и сепак колку и во бракот да имаме разбирање, убав однос, помош, толеранција, сепак и хормоните си го прават своето.  Знам за случај кога мајката два месеци не сакаше да го земе детето во раце, не спиеше со него во иста соба, одеше на терапија, а со душа го чекаше тоа мало ангелче, но ете, хормонално пореметување, кое за среќа успеа да го надмине и сега е се во ред, но самата таа се обвинува за тоа, а зарем е виновна. Нормално НЕ! Но понекогаш нашата околина како да не сака да сфати и прифати некои работи, како оваа депресија, која знае и те како да биде лоша понекогаш.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 36
   RE: Постпородилна депресија
4.1.2010 1:13:00   
nadica
мислам зборувам за сите ние кои немаме префектен брак, се разбираме нели, јас сметам дека на оваа тема не се зборува многу и сепак колку и во бракот да имаме разбирање, убав однос, помош, толеранција, сепак и хормоните си го прават своето



да хормоните го прават своето а ние молчиме трпиме и на крај пукаме во невини повредуваме луѓе без кои неможеме да го замислиме животот и тоа не е намерно но во моментот ни изгледа како правилна одлука (зборувам за себе)

мислам дека најважно е што сме свесни за ситуациите па и да се извиниме ако сме повредиле некој не е грешка

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 37
   RE: Постпородилна депресија
4.1.2010 1:19:49   
Еца
Отворен разговор многу вреди. Јас со Мартина трпев, молчев, не му кажував ништо на мм како се чувствувам, плачев и многу лошо ми беше, а сега знам да му кажам дека не се чувствувам добро во моментот, дека едноставно како да не сум јас, некогаш се чудам на сопственото однесување... но кога ќе му кажам, едноставно сфаќа дека навистина имам проблем и ќе ме гушне, ќе си заплачам и веднаш ми е многу полесно.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 38
   RE: Постпородилна депресија
4.1.2010 1:22:24   
nadica
можеби дека ми е прво дете па сеуште тешко се изразувам user posted image се надевам дека ќе се смени тоа

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 39
   RE: Постпородилна депресија
4.1.2010 1:34:23   
Матеа
Женички мои потребно е да се направи проверка на тироидната жлезда и на хормоните кои ги излачува затоа што после породувањето кај голем број на жени се пореметува нејзината функција и тоа најчесто доведува до депресија. Потребни се почести лекарски прегледи и особено следење на работата на жлездите.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 40
   RE: Постпородилна депресија
4.1.2010 1:35:06   
nutelizza
ИЗВОРНА ПОРАКА: ripce

Јас не се срамам да признаам дека не сум истата личност откако се породив, а се плашам дека никогаш нема ни да бидам како пораноuser posted image поминаа 10 месеци, а јас уште не можам да се вратам во колосек... буквално за ситници знам да се расплачамuser posted image





user posted image

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 41
   RE: Постпородилна депресија
4.1.2010 2:16:08   
S*B*
исто е и кај нас дома

(Одговор на членот nutelizza)
Непосредна врска до пораките: 42
   RE: Постпородилна депресија
4.1.2010 8:31:54   
mami
проблемот кај нас е мислам дека тоа што кога некоја ке каже дека е во депресија веднаш се поминува на она- абе ајде ништо не ти е, ке порасне детето ке се стабилизираш и толку. Две реченици и неверување и сосема мала или никаква помош од оние од кои најмногу ти треба... Јас мислам дека и по година ипол уште имам испади и хистеришам по дома, и кога ке пробам да му оббјаснам на мм- едноставно не ме разбира и мисли дека се глупирам- а тоа баш и не ми помага во моментот

(Одговор на членот S*B*)
Непосредна врска до пораките: 43
   RE: Постпородилна депресија
4.1.2010 8:43:02   
Iva
ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

проблемот кај нас е мислам дека тоа што кога некоја ке каже дека е во депресија веднаш се поминува на она- абе ајде ништо не ти е, ке порасне детето ке се стабилизираш и толку. Две реченици и неверување и сосема мала или никаква помош од оние од кои најмногу ти треба... Јас мислам дека и по година ипол уште имам испади и хистеришам по дома, и кога ке пробам да му оббјаснам на мм- едноставно не ме разбира и мисли дека се глупирам- а тоа баш и не ми помага во моментот



Уф колку те разбирам, и кај мене понекогаш е така, ама затоа ние сме си тука да си се разбираме и да си се тешиме. Ние најубаво знаеме како ни е.user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 44
   RE: Постпородилна депресија
6.1.2010 21:59:47   
pacuvce
ПОСТНАТАЛНА – ПОСТПОРОДИЛНА ДЕПРЕСИЈА

Постнаталната депресија (ПНД) се смета дека се јаува кај околу 10-15% од новите мајки.
Не се работи за хир на мајката, туку за сериозна состојба.
Кај многу мајки по породувањето може да се јави: плачливост, тага, напнатост, загриженост, умор и сл. За ова се смета дека се заслужни големите промени кај хормоните, кои настануваат по породувањето. Обично после ден-два ситуацијата се нормализира.
Постанаталната депресија не е исто со овие промени на расположението. Тоа е многу посериозна состојба. За разлика од другите мајки, чии чувства се стабилизираат и почнуваат да уживаат во радоста на мајчинството, мајките кои страдаат од постпородилна депресија стануваат се потажни и позагрижени.
Најчесто ПНД започнува во првиот месец по породувањето, но кај некои жени може да се јави и после неколку недели, па и месеци после породувањето. Овие жени во почетокот уживале и се радувале грижејки се за своите бебиња, но постепено почнале да стануваат се подепресивни.
Времетраењето на постпородилната депресија варира од неколку недели до неколку месеци, а понекогаш и подолго.
СИМПТОМИ НА ПОСТПОРОДИЛНА ДЕПРЕСИЈА
Подолу ќе ги наброиме најчестите симптоми на постпородилна депресија. Не значи дека боледувате од депресија ако повремено чувствувате некој или неколку од овие симптоми. Сепак мајчинството е тешка работа, која бара физички, психички и емотивни напори. Тоа понекогаш може да биде навистина исцрпувачко.
Сепак ако ги имате повеќето од наведените симптоми и се постојано присутни, побарајте стручна помош.
Симптоми на постпородилна депресија се:
  • Се чувствувате тажно во поголем дел од денот, особено навечер или наутро.
  • Животот Ви изгледа безсмислен и на ништо не се радувате.
  • Чувствувате вина и се осудувате сами себе.
  • Рздразливост.
  • Плачливост.
  • Неможност да уживате во самите себе.
  • Чувство на исцрпеност
  • Несоница
  • Ја имате изгубено смислата за хумор.
  • Не можете да се справите со обврските, чувствувате дека Ви недостасува време за да постигнете се што е потребно.
  • Постојано сте загрижени за Вашето бебе. Постојано се плашите дека ќе му се случи нешто лошо и постојано барате од лекарот да Ве убедува дека се е во ред.
  • Загрижени сте за сопственото здравје. Можеби се плашите дека имате некоја болест.
  • Неможност да се сконцентрирате на било што.
  • Бебето го чувствувате како туѓо.
  • Губење на сексуалата желба.
  • Проблеми со губење на помнењето.
  • Тешкотии при доносувањето на одлуки.
  • Губење на апетитот или прејадување.

РИЗИЧНИ ГРУПИ
Лекарите се уште не можат да утврдат зошто некои жени страдаат од ПНД, а други не. Сепак има некои фактори кои значат зголемен ризик. Ризикот е зголемен во случај:
  • Ако претходно сте страдале од депресија.
  • Ако сте биле депресивни во текот на бременоста.
  • Ако сте имале тежок пораѓај.
  • Ако сте ја загубиле Вашата мајка, додека сте биле дете.
  • Ако немате партнер кој Ве поддржува или блиски од семејството.
  • Ако Вашето бебе е предвремено родено.
  • Ако имате финансиски или други поголеми тешкотии.

КАКО МОЖЕТЕ ДА СИ ПОМОГНЕТЕ САМИ НА СЕБЕ СИ
  • Препознајте го проблемот. Многу важно е да препознаете дека се работи за ПНД. Многу полесно е кога знаете со што се борите. За многу луѓе е утешно тоа што знаат дека многу други минуваат низ истото. Не сте сами, а ова е само минлива состојба.
  • Пазете на својата исхрана. Ако го имате изгубено апетитот обидете се да јадете помали, но почести оброци. Запомнете дека појадокот е најважниот оброк, немојте да го прескокнувате. Јадете доста јаглени хидрати. Ако чоколадото може да Ве развесели, изедете една штангла. Сепак внимавајте сите оброци во текот на денот да не Ви се претворат во јадење слатки. Обратете внимание да јадете доволно овошје и зеленчук. Балансиранта исхрана е важна за правилното функционирање на организмот.
  • Одмарајте.
  • Обидете се колку можете повеќе да се одмарате и да се опуштите. Слушајте музика која Ве опушта, прочитајте некоја книга, напијте се топол пијалок, едноставно направете го тоа што најдобро ќе Ви помогне да се опуштите.
  • Не се осудувајте самите себе си.
  • Треба да разберете дека сте болни и дека Ви е потребно време за да се опоравите. Не сте такви затоа што нешто сте згрешиле или затоа што сте слаби. Депресијата е болест, како и другите болести. Не сте Вие виновни за тоа што Ви се случува. Не бидете строги кон самите себе си, дајте си време, големите одлуки не мора да се донесат веднаш. По некое време ќе се чувствувате подобро.
  • Разговарајте за проблемот.
  • Можеби ќе сакате да разговарате со лекар. Во секој случај многу може да помогне и разговор со блиска личност, која поминала низ истото или пак некој со кого можете да ги споделите своите чувства.

КАКО МОЖАТ ДА ПОМОГНАТ СЕМЕЈСТВОТО И БЛИЖНИТЕ
Важно е да разберете дека мајката е болна.
Разговарајте со лекар, за подобро да Ви помогне да ја сфатите природата на оваа болст. Кога ќе разберете дека се работи за болест и кога ќе научите како можете да помогнете, ќе се чувствувате подобро.
Запомнете дека оваа состојба на мајката е привремена. Со текот на времето ќе се чувствува подобро.
  • Разговарајте со неа и укажете и на можноста да побара лекарска помош.
  • Придружувајте ја на посетите кај лекарот.
  • Не и велете да се прибере самата себе си. Ако можеше, таа ќе го направеше тоа
  • Помогнете и околу домашните обврски, како и обврските околу бебето.
  • Ако се плаши, бидете со неа.
  • Охрабрувајте ја и потсетувајте ја дека ќе и биде подобро.
  • Ако се работи за Вашата жена, обратете и внимание како на жена, не само како на мајка на Вашето бебе. Најдете некој да го причува бебето и одвојте време за да го поминете заедно со неа.
  • Веројатно и Вас Ви е тешко да ја гледате во таква состојба. Сепак обидете се да ја разберете и да не се чувствувате огорчено или отфрлено. Неа навистина и е потребна целата Ваша поддршка.

РИЗИК ОД ПОСТНАТАЛНА ДЕПРЕСИЈА СО СЛЕДНОТО БЕБЕ
Во случај кога мајката претходно страдала од депресија, ризикот од ПНД е поголем. Постои веројатност да ја доживеете и со следното бебе, но тоа воопшто не е правило. Многу жени кои страдале од ПНД, следното маајчинство го поминале сосема нормално.
Дури и повторно да се појави ПНД и при следното бебе, веќе ќе бидете запознаени со симптомите, па ќе можете благовремено да реагирате и ќе знаете што да очекувате.
КАКО ДА СЕ ИЗБЕГНЕ ПНД
На ова прашање не може да се одговори со сигурност. Сепак голема улога има начинот на кој ќе ја поминете бремненоста.
Од многу големо значење може да биде тоа дали во текот на бременоста сте опкружени со поддршка и дали породувањето го дочекувате спремно и опуштено.

_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот Iva)
Непосредна врска до пораките: 45
   RE: Постпородилна депресија
6.1.2010 22:43:01   
Весна
Еве јас малку од малку се соземав... сега ми е јасно дека ништо погрешно не правам, па дури и кога плаче Јана не е поради тоа дека нешто јас сум утнала. Најтешко ми беше што откако сфатив дека сум во депресија, требав да му се објаснувам на мм за сериозно да ме сфати дека ми е тешко. Тој никако не сакаше да ја прифати таквата состојба кај мене, едноставно си ме знае постојано насмеана и весела, позитивна, па сметаше дека само преувеличувам. Ме вадеше од такт кога во тие налети на плачење ќе ми кажеше да не одлепувам. Но, знаев дека никој доволно не може да ми помогне да ја надминам состојбава, па самата се туркав некако, ги распределив обврските, така што мм и’ ги менува пелените, ја смирува кога плаче, а јас си ја дојам и заспивам. И еве сега сме стабилизирани колку толку. Ми останува само уште да си го најдам сонот :) Се’ уште имам несоница, и најчесто денски здремнувам едно саат-два, а потоа за ништо не ме бидува, само како во празно буљам и чекам Јана да стане. Ни книга ни списанија ни судоку ни телевизија, баш ништо не ми помага. Концентрацијата ми е нула, и оваа едвај го пишувам :(

И драги мои, не грижете се, сигурна сум дека за некое време ќе пркнам, па ќе се дружам со вас повеќе, само малку бавно ми иде ова фаќање ред :)
Гушкање до сите! user posted image user posted image user posted image  

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 46
   RE: Постпородилна депресија
6.1.2010 22:51:32   
pacuvce
Draga Vesna,ako ti e za uteha,i jas sum pominala niz istoto...So prviot sin mi bese mnogu tesko...Imav cuvstvo kako da sum vo zatvor...Mislev deka nikogas poveke nema da izlezam od doma...Koga gi gledav lugeto niz prozor,mi idese se da ostavam i jas da izlezam...Interesno,no so vtoroto imav mala kriza na pocetokot,no mislam deka najmnogu bese povrzana so faktot sto posle tri nedeli go izgubiv mlekoto i cuvstvuva griza na sovesta...Kako site majki ke gi dojat decata,a jas moeto ke go hranam so vestacko mleko...E sto solzi padnaa togas...user posted image user posted image user posted image  Za sreka,mm rece-Ne si ni prva,ni posledna...
A ti,ajde,glavata gore...Druzi se so nas sekogas koga ti e tesko...Kazi ni,a nie ke napravime se da ne se cuvstvuvas user posted image user posted image user posted image ...RR semejstvoto te saka...user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот Весна)
Непосредна врска до пораките: 47
   RE: Постпородилна депресија
6.1.2010 23:27:06   
niki
Секој некој што не станал мајка неможе да разбере што тоа значи и колку е тешко да се прилагодиш на новонастанатата ситуација. Затоа Весна немој ни да очекуваш од мт да те разбере, како тој да те разбере кога ни ти самата не се разбираш себе си. И иако низ сето тоа што поминуваш сум поминала и јас, незнам каков совет да ти дадам за да ти биде полесно и побргу да ги надминеш тешкотиите. Знаеш дека сме тука за разговор, за совет, за утеха. Кога спие бебуш се што не ти е јасно прашај си, се што ти е тешко кажи си и ќе помине, заедно ќе туркаме и ќе истуркаме. Она што е сигурно, бргу ќе помине времето бебуш ќе потпорасне и ќе почне да те забавува и да те засмејува и ќе ги избрише сите негативни страни на мајчинството и само една нејзина насмевка ќе ти го стопли толку срцето како ништо друго на овој свет. 

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 48
   RE: Постпородилна депресија
7.1.2010 18:05:20   
Anushka
потпишувам, потпишувам, потпишувам
за сите се` што напишале!!!
Си викав, ааа не, не иовој пат, мене по трет пат на овие години, со овој памет нема да ме фати депресија.
Се зезнав... еве Мила 6 месеци, а мене прст да ми покажеш, плачам.
Параноја. Хипохондрија. Страв. Депресија.
Дури си викам и шизофренија ќе ме фати.
Ама, ако, за децава наши па се` вреди да се проживее. Па не би биле тоа што сме, мајки, ако не сме по малце такви, налудничави.
Се` тоа е креативно и творечки. До следното бебе.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 49
   RE: Постпородилна депресија
11.1.2010 18:42:35   
pacuvce
Down Came the Rain-Книга за исповедта на Брук Шилдс за нејзината борба со постпородилната депресија...
user posted image
 
Во 2003 година светот беше шармиран од убавата Брук Шилдс,која стана мајка и роди ќерка. Но далеку од очите на јавноста,Брук Шилдс буквално се распаѓаше,пропаѓајќи во вртлог од мизерија и очај т.е во депресија,која,според нејзе често ја доведувала до работ на самоубиство.
Преку оваа книга,таа всушност сакала да раскаже за менталниот колапс кој и се случил,за мачните гласови,кои ги слушала во нејзината глава и за начинот на кој успеала да се извлече од ,како што вели таа,најтемниот период од нејзиниот живот,
Инаку,Брук и нејзиниот сопруг Крис пробале многу начини да добијат бебе,со тоа што се подложиле на повеќе типови на ин витро фертилизација.Нејзината прва бременост резултирала со екстремно болен спонтан  абортус  во третиот месец на бремноста.
Кога  таа останала бремена со својата прва ќерка,вели дека всушност се чувствувала многу добро,без да чувствува никакви утрински мачнини,вежбала јога и сл.Но,породувањето било далеку од идеално.Се мачела 24 часа,за на крај да ја породат со царски рез ,бидејќи папочната врвца на бебето била замотана околу главата,телото  и ногата.Во првиот момент,таа толку многу крварела,што докторите ги навело на мисла дури да и направат и хистеректомија.Но,за среќа работите тргнале на подобро,па се завршило во ред.Поради сите потешкотии при породувањето, таа го немала првиот контакт со бебето и била прилично разочарана,затоа што,како што таа вели,постојано слушала приказни дека е тоа највеличествениот момент во животот,но таа се чувствувала како риба која ја сечат и спремаат за јадење.
Кога се вратила дома,таа не успеала никако да воспостави врска со своето новороденче.Често се наоѓала во ситуации на хистерично плачење,па дури и плашење од бебето,што прилично го вчудоневидило нејзиниот сопруг,кој бил спремен на радосни моменти со нивното бебенце.
По сугестија на свои пријатели кои и укажале дека боледува од постпородилна депресија ,таа по препорака на својот доктор почнала да прима антидепресиви,кои во почетокот одбивала да ги прима.Полека,работите почнале да одат на подобро.
Пораката што таа ја праќа преку својата книга  до сите мајки е да не ги игнорираат симптомите на постпородилната  депресија,како резултат на срам од околината.Еден дел од нејзинта книга вели:
„Воопшто не се работи за тоа дали чувствувате или не љубов кон своето дете...Се работи за нешто што е поврзано со Вашето тело,загубата на естроген,дивеењето на хормоните...Обратете внимание на чувствата кои ги чувствувате и зборувајте за нив со своите блиски или Вашиот доктор. Дознајте што нуди медицината за оваа проблематика...Немој да се чувствувате очајни...„

_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 50
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Цуцла.
пеперутка16

До кога вашето дете имало цуцла?