mis.
		   
		
		   
		  
		   
		 | 
	  
		
		
		 Црвенилото под пелените најчесто се наоѓа на местото каде што  пелената ја допира кожата на бебето: газето,  бедрата и гениталиите.  Понекогаш црвенилото може да се воспали и да се појават: пликови, осип,  разранување или пак кожата да отече.  ШТО ГО ПРЕДИЗВИКУВА ЦРВЕНИЛОТО Црвенилото кај бебињата е многу честа појава, затоа што кожата на  бебето е исклучително нежна. За негова појава можат да придонесат многу  причини:  - Ако пелената е премногу стегната, особено ако нејзините краеви ја  тријат кожата на бебето.
 - Ако пелената не се менува доволно често. Во тој случај урината и  столицата ја иритираат нежната кожа. Особено подложни на црвенило можат  да бидат бебиња, кои почесто вршат голема нужда.
 - Црвенилото често се јавува кога бебето ќе почне да се храни со  цврста храна .  Понекогаш додека го доите може да се јави и од некоја храна која вие сте  ја јаделе, на пример домати или нивни производи.
 - Понекогаш црвенило се јавува ако  употребувате пелени и влажни  марамчиња, кои не му одговараат на бебето, ако користите избелувач или  омекнувач при перење на пелените, ако прашокот не е добро исплакнат  ит.н.
 - Користење на антибиотици од страна на мајката, која го дои бебето  или пак ако ги прима бебето. Антибиотиците ја нарушуваат рамнотежата на  добрите бактерии и ја прават кожата поприемчива на инфекции.
 - Користењето на заштитни најлонски гаќички врз пелените ја  оневозможува на кожата да дише и  влагата се задржува внатре, па со тоа  се зголемуваат шансите за појава на црвенило.
 - Ако бебето веќе има иритирана кожа, егзема и сл. 
   КАКО ДА ЈА СПРЕЧИТЕ ПОЈАВАТА НА ЦРВЕНИЛО Најважно е газето на бебето секогаш да го држите чисто и суво. - Проверувајте му ја пелената на бебето што почесто и сменете ја  веднаш штом ке биде навлажнета или извалкана. 
   - Внимателно исчистете ја целата област кога ја менувате пелената.  Најдобро е да користите топла вода за да го одмите бебето.
 - Дозволете кожата на бебето целосно да се исуши пред да ја облечете  новата пелена.
 - Колку е можно повеќе оставајте го бебето без пелена. Особено кога  црвенилото веќе е јавено. Отавете го бебето без пелена и без крема, за  да може црвенилото да се засуши, што е важен дел од процесот на  зацелување.
 - Немојте да користите креми кои содржат борна киселниа, камфор, фенол  или метил салицилат. Овие материи можат да бидат штетни.
 - Избегнувајте влажни марамчиња кои содржат алкохол или мириси.
 - Користете креми кои содржат цинк оксид или вазелин, за да ја  заштитите кожата на бебето од влагата.
 - Ако кожата на бебето е зацрвенета, користете подебел слој на крема.
 - Избегнувајте заштитни најлонски гаќички.
 - После бањање не ја тријте кожата на бебето со крпа, туку впијте ја  водата. Триењето може да ја изиритира кожата.
 - При плакнењето на пелените можете да додадете во водата половина  кафено филџанче оцет. Тоа ќе ги неутрализира алкалните иританси.
 - Ако црвенилото продолжува, променете го видот на пелените, влажните  марамчиња, сапунот и сл.
 - Ако црвенилото и понатаму продолжува или се инфицира, консултирајте  се со лекарот на бебето.
 - Исто така консултирајте се со лекарот и доколку црвенилото се појави  кај бебето во првите 6 седмици од животот.
   
			
								
			
			
				  
				  (Одговор на членот Mammy)		 	
		  
		  
		  
		 |