vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Калина,има две години и месец дена. Додека не наполни 2 години немав никаква паника за тоа што не зборуваше (беа само неколку зборови како мама, тата, деде, баба). Но со минување на времето некако почнав да чувствувам грижа. Се обратив кај @kuzmanoska.maja инаку сега веќе дипломиран логопед. Ми постави неколку прашања што и треба да ја согледа ситуација и веднаш ми кажа Тргај ја цуцлата!
Да и така направив. Калина беше дете кое 24 часа имаше цуцла во уста, да знаев дека тоа и е проблем што не зборува одамна ќе и ја тргнев. За жал не може веднаш да се одвикне од таа да кажам навика, па не секоја ноќ но понекогаш силно плаче барајќи ја неа, и морам да и ја дадам. Но огромен напредок е тоа што од 24 часа држење цуцла намаливме на неколку часа. Напредок во зборување верувале или не видов уште првиот ден кога одлучив да не и ја давам преку целиот ден. Почна да кажува зборови кои претходно не ги изговорила како тета, дај, не сакам. А денес после скоро 3 недела веќe има поголем спектар на зборови па и реченици. Конкретно што кажа Маја може да прочитате на сликата од овој пост. Доколку и вашето дете не зборува а веќе би требало да го прави тоа не можам јас да тврдам дека е баш од цуцлата, оваа е само наше искуство кое јас го споделувам со вас, а вие во таков случај советувајте се со стручно лице.
5
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Кои хормони се најважни за забременување?
Забременувањето е сложен процес во кој учествуваат повеќе хормони. ...
Дневната соба е едно од најважните места во домот. Тоа е просторот кад...
Либидо и планирање бременост. Што треба да знаете?
Либидото, односно сексуалната желба, е важен дел од интимниот живот, н...
Кога е најдобро време за патување во бременоста?
Патувањето во бременоста не мора да значи откажување од одморите и пла...
Развој на плодот во третото тромесечје
Третото тромесечје од бременоста е последната етапа од патувањето до з...