Чоколаден сон
Автор:
Редакција Рингераја
Кој обожава чоколадо нека ја направи оваа торта, навистина е чоколадна
Подготовка
Јајцата ги миксираме со шеќер, додаваме брашно, какао, прашак за пециво и промешуваме. Ја миксираме и белката со шеќерот во кристал и додаваме во смесата за тесто. Смесата ја ставаме во калап и печиме на 170-180 C. Додека тестото се лади правиме фил: чоколадото го топиме и го ставаме во изматената хопла, додека не добиеме хомогена маса, во која додаваме мармалад. Тестото го сечеме на два дела, а филот го ставаме на средина меѓу двата делови. Оставаме малку фил за одозгора. Глазура Хоплата ја миксираме и додаваме растопено чоколадо, рум и оставаме да се излади во фрижидер. Кога ќе се излади ја премачкуваме тортата.
Време на подготовка од: 60
Време на подготовка до: 80
Kомплицираност: 3
Состав
Тесто:
3 јајца
150 гр.шеќер во прав
1 белка
50 гр. шеќер кристал
140 гр. брашно
1 прашак за пециво
Фил:
250 гр. чоколадо за готвење
225 гр. хопла
200 гр. мармалад од боровинки или малини
220 гр. хопла
2 лажици рум
За украс: чоколадо
-
забава Бремените
Автор: bobik Здрав почеток на денот - протеински појадоци за доилки
Периодот на доење бара дополнителна енергија, но и квалитетна исхрана....
Прво шишање, први чевлички, прва четка за заби
Првите „мали“ моменти во животот на детето често носат големи прашања ...
Хидратација во бременост. Колку вода е доволно?
Во текот на бременоста, потребата за течности се зголемува бидејќи тел...
Спортот и плодноста, умереностa е важна
Физичката активност е еден од најважните столбови на здравиот живот, н...
Што ја одредува успешноста на ин витро оплодувањето?
Ин витро оплодувањето (ИВФ) е напредна медицинска процедура што на мно...
Анкета
Капење бебе.
пеперутка16
Колку често капете бебе? (Не мислам на новороденче)

