Vladymir во 08:25
на тема RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете?
Автор:
Редакција Рингераја
Велигденски рецепти
Месото измијте го и засечете го на неколку места. Посолете го со вегета, сол, бибер и во местата кои ги засековте ставете лук и гранчиња рузмарин. Прелијте го со маслиново масло, чаша бело вино и чаша вода. Оставете го да отстои 2-3 часа во тавата во која ќе го печите. Пред да го ставите во рерна прелијте го месото со течноста од тавата, покријте го со фолија и печете го околу час и половина. Отворете ја фолијата, завртете го месото и додадете ги исечените компири. Тавата повторно прекријте ја со фолија и печете уште 45 минути. Пред крајот извадете ја фолијата за месото да се зарумени.
Време на подготовка од: 180
Време на подготовка до: 220
Број на лица: 4
Kомплицираност: 4
- 2 кгр. јагнешки бут
- 1 кгр. компири
- 2 лажици маслиново масло
- 1 чаша бело вино
- 1 чаша вода
- вегета, сол, бибер, рузмарин