Vladymir во 08:25
на тема RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете?
Автор:
Редакција Рингераја
Изненадете ги Вашите сакани со оваа превкусна торта!
Се матат јајцата со солта, им се додава брашното, содата, варовата вода и сенфот. Се пече на температура од 100 C. Ситно се сецкаат празот и кромидот, им се додаваат сецканите шампињони и непечените кикиритки. Се пржат околу 2 часа на силен оган. Се вари пудинг во 1 литар млеко и се додава сол. Се соединуваат двата делови од филот. Тортата се украсува со маслинки и кисели краставички. Со овој вкусен десерт Ви предлагаме да се напиете 1 чаша јаболков оцет. АПРИЛИЛИЛИИИИИИИ. Среќен ден на шегата! :)
Време на подготовка од: 40
Време на подготовка до: 80
Kомплицираност: 5
За тесто:
- 10 гускини јајца
- 2 лажици сол
- 18 лажици пченкарно брашно
- 1 лажица сода бикарбона
- 3 лажици сенф
- 2 чаши варова вода
За фил:
- 100 грама шампињони
- 1 главица кромид
- 1 страк праз
- 3 лажици мармалад
- пудинг од ванила
- 150 грама непечени кикиритки
- 1 лажица сало