|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Памук погачи со кашкавал

Автор:
Редакција Рингераја

@my_little_kitchen_stories ви препорачува



Подготовка

Во длабок сад го ставате топлото млеко, водата, маслото за јадење, квасецот и шеќерот. Промешувате со лажица па постепено го додавете брашното помешано со солта. Замесувате тесто и го оставате 30-40 минути да стаса. Откако тестото ќе стаса го делите на 16 топчиња и секое го расукувате правоаголно, го полните со кашкавал и ги затварате краевите. Го потопувате во растопениот путер и целосно ги валкате во сусам. Можете да ги обликувате и како топчиња. Пред печење ги засекувате со жилет или остар нож 2 пати горе по површината. Печете на 180°Ц 15тина минути.

Време на подготовка од: 30
Време на подготовка до: 40
Број на лица: 4
Kомплицираност: 3

Состав

Користете чаша од 250 мл
• по 1 чаша топло млеко, топла вода, масло за јадење
• 1 ќесичка сув квасец
• 5 чаши брашно
• 3 лажици шеќер
• 1 лажица сол
• 150 гр стопен путер
• сусам
• кашкавал



Анкета

Дали?
Jana9

Дали имате вистински пријател во животот?

ДА (82%)

Не (18%)


Број на сите гласови: 11

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!