|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Зад секоја успешна жена стои....
1.3.2015 8:24:39   
sandriana RR
Извесно време размислувам на темава, со оглед дека периодов сум на породилно отсуство за второто дете.
Поголемото дете оди во градинка, а јас претпладне сум сама со бебето. Од овде ми доѓаат сами по себе преголеми очекувања од самата себе - да стигнам да стокмам бебе, да ги стокмам домашните работи - перење, простирање алишта, чистење, готвење....потоа, лична хигиена, активности со поголемото бебе, а сепак и сопругот да не го запоставам. Често контактирам и со колегите на работа и ги посетувам, а сакам и да имам време за најблиските пријателки и за мајка ми (на која сум и потребна од здравствени причини).
Покрај сето ова, размислувам и за надоградување на моето образование.

Ако успеам да го постигнам сето ова, ќе се чувствувам дека сум успешна, ради моето его и задоволување на мојот критериум за мене.
НО, во моментов речиси ми е невозможно сево ова, зошто децата се мали, а вистинска помош немам - од типот да ми ги причува некој не 2-3 часа, или да ми ги заврши дел од домашните работи.

Кој стои зад успешна жена - ако ја дефинираме како сопруга, мајка, домаќинка и вработена жена ? Жена која е опишана и во СТАТИЈАТА?
- сопругот?
- баба сервис?
- финансиите и платена помош?
- супер жена, сама? user posted image

Ајде, да Ве слушнам! user posted image
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Зад секоја успешна жена стои....
1.3.2015 9:25:32   
niki
spored mene nikoj ne stoi zad uspesna zena, tuku taa samata stoi cvrsto na dve noze na zemja...znae tocno sto moze i sto saka i vo ramkite na toa si go turka sekoj den poedinecno, bidejki sekoj den e sam po sebe cel koja treba da se dostigne....i zane da bide trpeliva vo ostvaruvanjeto na golemite celi za koi e potreben podolg vremenski period, pa namesto da se koncentrira na toa kolku nema vreme za niv i kolku nikoj ne i pomaga se koncentrira na ona sto moze da go napravi sega vo ovoj moment i vo ovie uslovi doblizuvajki i se na zacrtanata cel poleka no sigurno i so kontinuitet, i znae da gi rasporedi po hierarhija i
zelbite moznostite i obvrskite...
ako ne znaes sam da se organiziras i da rascistis so sebe vo koj kalap ke gi stavis svoite sakam, mozam i treba i cela vojska pomagaci da Imas pak nisto nema da napravis i pak ke se cuvstvuvas neuspesno

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Зад секоја успешна жена стои....
1.3.2015 12:13:30   
Mihaela 2010
Jas bi rekla zad sekoja uspesna zena stoi nekoja zrtva, da ne kazam semejstvoto.
Ke zboram od iskustvo na moja bliska rodnina koja e uspesna , ambiciozna, pametna obrazovana.zena, majka na dve deca od koi ednoto dur bese malo bese iscuvano od koj stigne, baba, vujko tetka pa na momenti i cigankata koja doagase na dva casa za da im iscisti.
Iskacanje nautro vrakjanje navecer od sostanoci..da ,imase od toa kjar i pari i mokj no semejstvoto bese zapostaveno, mazot razocaran, na momenti ljubomoren
Sega se tamo kaj sto se, na mnogu pojako mesto od prethodnoto.prvo dete vekje pubertetlija vtoro ni dve godini..set_anje uzivanje skapa tehnika se sto ke posaka ima.zimovanje letovanje koga ke posaka...no se prasuvam dali na toa dete mu fali nesto????

< Поракaта ја уредил Mihaela 2010 -- 1.3.2015 12:14:49 >


_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Зад секоја успешна жена стои....
1.3.2015 12:27:42   
Hopeful RR
Малце е рано да зборам на оваа тема, бидејќи се уште не знам како ќе се снајдам со две деца од одма, но јас го делам ставот на Ники user posted image

Мислам дека ако жената сака нешто, не треба да жртвува или да запоставува нешто на списокот за да постигне нешто друго, туку едноставно треба да си ги разјасни работите сама со себе и да не се жали и кука, туку да работи на сите полиња. Ми пречи кога заради кариерата на некоја жена сите претпоставуваме дека го запоставува семејството, како да мора па 100% да се седи дома со децата за да бидат ок, посебно пак кога тоа никој не го бара од мажот. Исто ми пречи и кога жените треба да се правдаат или објаснуваат заради својот успех. Факт е дека некои и го прават тоа, го запоставуваат семејството, но не сите - не сакам генерализирања.

После сите цивилизациски и родови придобивки што ги имаме, и многуте што се уште ни недостигаат, мислам дека нема потреба да се враќаме назад во камено доба и да ја лоцираме жената во домот, а мажот по работа. Мислам дека со правилно организирање и распоредување на времето се постигнува се, и тоа не мора да значи дека цела сурија луѓе ќе ги чуваат децата. Еве мајка ми на пример, одеше редовно на работа, мене немаше кој да ме чува и во градинка сум од 8 месеци, па што. Имам и колешки кои работат многу, имаат кариери, а нивните деца не страдаат.

Мислам дека зад секоја успешна жена стои самата таа, и нејзината одлучност и цврстина. Исто така, зад секоја успешна жена стои и нејзиниот сопруг, бидејќи без взаемна поддршка ништо не правиме. Јас не можам да замислам маж кој не ги сфаќа подеднакво обврските околу домот и децата како и жената, и кој и препушта се, со логика - ај ќе ти помогнам за ова или за она. Не се работи за моја работа па да ми треба помош од него, туку взаемна одговорност. Но, се е до личните убедувања и приоритети во животот.

< Поракaта ја уредил Hopeful -- 1.3.2015 12:28:39 >


_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Зад секоја успешна жена стои....
1.3.2015 12:28:12   
niki
pa mene ovaa vo tvojov primer ne mi e reper za uspesna zena tuku totalno neuspesna na site polinja uspeh za mene ne e da Imas pari i samo pari i nekoja neznam kakva pozicija, a na site drugi polinja da preovladuva raspad sistem
uspeh e da si vo pozicija da Imas onolku pari kolku smetas deka ti trebaat i dovolno slobodno vreme za da im se posvetis na ostanatite ciniteli na zivotot, deca, maz, prijateli, licen napredok i licni zadovolstva

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Зад секоја успешна жена стои....
1.3.2015 12:44:56   
Mihaela 2010
Znaci za zenata mozam da kazam bas deka e uspesna na site polinja, i za nejzinite 39 god do tuka kaj sto dogurala retko koj moze.tuka e kaj sto e i ne zastanuva, ne se otkazala od semejstvoto samo go zapostavila za da obezbedi na svoeto pokolenie povekje od toa sto taa samata kako dete nemala.sekoj sto saka sa bide uspesen normalno e deka teznee celiot toj trud da se isplati.nemojte da mi kazete deka ako vi se pojavi prilika za pari ke ja otkazete.nemozes paralelno da si nasekade.ako od tebe se bara da ides van drzavata i da ja pretstavuvas ( konkretno zboram za nea) i toa na nekolku dena, sakas nejkes si daleku od semejstvoto i baras luge bliski koi ke ja zamenat i ke napravat deteto da ne ja pocuvstvuva taa majcinska otsutnost.seto toa e zrtva za eden den obezbedi mnogu povekje na svoite deca odosto taa imala- vekje go potencirav toa.
Sega e na jako mesto vo stranstvo i povekje se vrti doma, taka i nalaga rabotata pa vtoroto dete nee tolku zapostaveno za razlika od prvoto.
Tesko e i alal da i e sepak ke kazam bravo za nejziniot uspeh no sekoj toa go nemoze..od nesto sepak ke moras da se otkazas

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Зад секоја успешна жена стои....
1.3.2015 13:07:05   
Hopeful RR
Можам да кажам само - браво за неа, ја разбирам. Но сепак, не контам дали е рамноправен третманот со кој било просечно успешен маж - да беше таткото тој што патува во странство по неколку дена ќе беше нормално, така? Немаше да бидат децата запоставени, или ќе беа? Како да не ги гледаме исто работите...

Сепак, таа тоа го прави за нивно добро, односно за доброто на целото семејство, и не гледам што е страшното во тоа децата да поседат дома неколку дена со таткото, зарем тој не е подеднакво родител како и неа? Мислам дека имаме двојни аршини и баш тоа не ми се допаѓа. Жената воопшто не треба да се правда за тоа што била на службен пат и апсолутно треба да си продолжи со нејзините приоритети во животот. Тоа не значи дека не ги сака децата или мажот, туку дека се обидува да се реализира себе си во повеќе аспекти.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Зад секоја успешна жена стои....
1.3.2015 13:15:40   
Mihaela 2010
Мислам дека со правилно организирање и распоредување на времето се постигнува се, и тоа не мора да значи дека цела сурија луѓе ќе ги чуваат децата. Еве мајка ми на пример, одеше редовно на работа, мене немаше кој да ме чува и во градинка сум од 8 месеци, па што. Имам и колешки кои работат многу, имаат кариери, а нивните деца не страдаат.


Kolku i da sakas da go izorganiziras vremeto,ako obvrskite sto ti se zadadeni se ispolneti vo tekot na celiot den,sakala nejkela ke moras da organiziras bliski luge da go pricuvaat deteto.jas ne vikam deka toa bilo cesto,deteto si idese vo gradinka i go cuvase zena kako i site nie koga nema koj da ti cuva pa plakjas zena.ako ti se vrakjas od rabota vo 17h normalno deka na tvoeto semejstvo nema nisto da mu nedostasuva,no koga denot ti zapocnuva vo 9 nautro a vekje vo 18h imas zakazan vazen sostanok tesko deka kga ke se priberes doma ke imas sili za bilo sto,pa ke se raduvas i na onoj eden cas pominat so svoeto dete,moze i toa ne e loso ako na kraj zavrsi kvalitetno.
i ne ja razbiram sporedbata so tvojata majka,idela na rabota ti vo gradinka pa site nie toa go pravime. jas za sebe nemozam da kazam deka sum nesto posebno uspesna...uspehot si go gledam vo toa sto rabotam,vo zivotot se sama si postignav,bidejki moite ne bea mokjni da mi ovozmozat nekoi raboti,se vrabotiv zavrsiv fakultet koj go sakav so samofinansiranje,rabotata sto ja rabotam mi e po struka,platata e taa kakva sto e ne se zalam,so mm imam razbiranje i poddrska za bilo sto,domot mi e sreden i toa e toa...

Sandriana,iskoristigi site sto gi imas do tebe,ako si resila da se nadogradis,slobodno napravi go toa,i jas sum sama bez nicija pomos,pa spasot go naogam po zeni da mi cuvaat deca i da frlam pari za toa,zatoa tie sto se okolu tebe iskoristigi maksimalno

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Зад секоја успешна жена стои....
1.3.2015 13:23:01   
Mihaela 2010

ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful

Можам да кажам само - браво за неа, ја разбирам. Но сепак, не контам дали е рамноправен третманот со кој било просечно успешен маж - да беше таткото тој што патува во странство по неколку дена ќе беше нормално, така? Немаше да бидат децата запоставени, или ќе беа? Како да не ги гледаме исто работите...

Сепак, таа тоа го прави за нивно добро, односно за доброто на целото семејство, и не гледам што е страшното во тоа децата да поседат дома неколку дена со таткото, зарем тој не е подеднакво родител како и неа? Мислам дека имаме двојни аршини и баш тоа не ми се допаѓа. Жената воопшто не треба да се правда за тоа што била на службен пат и апсолутно треба да си продолжи со нејзините приоритети во животот. Тоа не значи дека не ги сака децата или мажот, туку дека се обидува да се реализира себе си во повеќе аспекти.

Mislam deka pogresno si me sfatila...jas vo nieden moment ne kazav nisto za tatkoto,ne stanuva zbor tuka za rodova neednakvost tuku samo odgovoriv na prasanjeto sto stoi zad sekoja uspesna zena..
tatkoto isto e so svoja sopstvena firma,dobro zarabotuva,no zenava e po uspesna od nego i nema sto tuka problem..tie se znaat oddamna i toj si ja znael i pred toa kakva ambiciozna bila taa.i koga bi bilo obratno da toj uspesniot pak ke kazam deka semejstvoto bi trpelo negovo otsustvo,zosto za mene semejstvo e nesto vazno i dvajcata roditeli imaat podednakva uloga vo vospituvanjeto na deteto.
I da zenaa voopsto i ne se pravda za toa sto bila sluzbeno otsutna,samo dadov eden primer na zivot na edna uspesna zena..od edna straba dobivas ama od druga strana moras i nesto da izgubis..taa e takva go tera patot,go bara svojot uspeh, seto toa i se isplati ,decata uzivaat,site uzivaat no ete izgubenite momenti koga deteto bilo malo,taa gi preskoknala

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Зад секоја успешна жена стои....
1.3.2015 14:18:07   
Hopeful RR
Ок, се разбравме. Знам дека не може еден родител да надополни отсуство на другиот, но реалноста е таа, живееме во таков свет во кој мора да се работи, со сите предности и последици што произлегуваат. Нешто губиме, нешто добиваме, и тоа е компромисот кој секој лично си го донесува и прифаќа. Успехот значи различни работи за различни луѓе, така што фразата успешна жена е релативна. Сепак мислам дека зад секоја успешна жена, што и да значи тоа за која било од нас, стои прво и основно самата таа, и нејзината сила, и секако поддршката од сопругот, доколку го има. Има многу случаи на успешни жени кои се и самохрани мајки, и тоа е па дотолку повеќе за пофалба.

Исто така, сметам дека посветеноста кон работата и на двајцата родители има и едукативен карактер за детето - станува свесно за потребата да се работи и се учи на дисциплина и одговорност. Да се биде успешен е најдиректен начин да се научи детето за важноста на работата преку личен пример.

Инаку примерот со мајка ми беше чисто за илустрација дека не мора да се ангажира пола фамилија за чување на детето, него ете, социјалниот систем функционира и сите сме растеле во градинки без што било да ни фали. Кога мајка ми била ангажирана после работа сум седела со татко ми, многу јасно, и обратно. Имале среќа да можат да ги уклопат тие работи и ок било. И да, во право си кога велиш дека подобро еден час дневно квалитетно време со детето отколку цел ден заедно поминат во гледање турски серии и непосветување вистинско внимание.

Оттаму и јас лично имам став дека не сакам децата да ми ги чуваат баби, тетки, стрини или комшии, туку фино лепо во градинка и крај, и притоа ова го мислам најмногу заради социјализација на децата, а не дека некој нема да ми го пази како што треба, но тоа е друг муабет. Е сега, тоа е мое мислење, секој си одлучува за себе user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Зад секоја успешна жена стои....
1.3.2015 14:42:04   
Mihaela 2010
Jas iskreno ne bi mozela da go teram nejziniot pat..premnogu e za mene ama znaes koga stanuvas pouspesen i ti se nudat drugi raboti kade ke bides uste pouspesen e tuka vise nema zavrsetok.nekoj vo toa uziva jas prvo bi razmislila sto i kako bi bilo so mojata familija.deteto ne bese lisuvano od nisto, normalno vikendite si bea zaedno , so prijateli na izleti, gradinka najdobra i sl no cuvstvoto koga ke se javat na telefon u sred vazen sostanok deka deteto ti e bolno so T a ti nemozes da izbegss doma e vo takva situacija ja bi se izela ziva.ama ete site sme razlicni i so razlicni karakreti i prioriteti.i jas samo dadov eden primer i moe mislenje sto ne znaci deka ke ocekuvam nekoj da se slozi so toa.

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Зад секоја успешна жена стои....
1.3.2015 15:10:01   
Hopeful RR
Се слагам, тенка е линијата. Не знам јас до каде би одела, доста сум амбициозна, но не верувам дека слепо би грабела напред во кариера кога би имало тоа сериозни последици по мене или семејството, но тоа е, секој сам си ги одредува границите до кои е спремен да оди.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Зад секоја успешна жена стои....
1.3.2015 23:27:42   
niki
pa ne moras da bides ni karierist ni uspesen za da ti se javat deka dete ti e bolno a ti da ne mozes da izlezes od rabota, mozes da bides i prodavac i frizer, i hirurg i nastavnik i kelner i cistacka i direktor
prosto ako si se nafatil da rabotis nema na sekoe kivanje da mu go zatvoras biznisot na svojot rabotodavec i da zemas boleduvanje nikoj nema da te trpi i naskoro ke ti vracat otkaz
i svoj gazda da si kako ke ti uspee biznisot ako sekoj cas zatvaras i si odis zosto Imas griza na sovest sto dete ti e bolno a ti ne si pokraj nego
rabotata ne e zrtva taa osven sto ne odvojuva od semejstvoto e izvor na prihod koj odi na smetka na semejstvoto
kako bi ziveele ako ne rabotime sto bi jadele ako nemame prihodi
i sto ke ti e togas da steknuvas obrazuvanie, znaenje da neguvas talenti da razvivas sposobnosti ako istite tie ne gi unovcis na nekoj nacin, ako ne ti nosat napredok, uspesnost i povisoka pozicija
mene mi e ok koga nekoj nema ambicii i se zadrazal na toa sto go postignal pred da ima deca, no ne svakam zosto kako takov ne se cuvstvuva uspesen neli e vo krajna linija toa negoviot vrv negoviot izbor i negoviot nacin da se cuvstvuva sreken
i jas nemam ambicii da bidam diplomat, nemam ni sansi da bidam toa no vo ramki na mojata profesija i te kako smetam deka mozam da napreduvam i deka i dosega sum napreduvala i sekoja ostvarena zamisla na profesionalen plan me cini da se cuvstvuvam uspesna
mislam taman rabota sega ako treba da se omalovazuvame site i da se obezvrednuvame samo zatoa sto nemame ambicii i nikogas nema da bideme pretsedatel na drzavata
a od druga strana pak onie koi ete tokmu toa ke go ostvarat nemora da gi gledame so sozaluvanje kao sto se zrtvuvale za da dojdat do tamu i dali im fali nesto na nivnite deca

vo petokot bev vo skoloto na kerka mi se odrzuvase predavanje od psiholog na tema semejstvo i razvoj na detskata licnost

Prasuva edna majka: imam problem so deteto sedime site gledame TV i 8 godisniot sin se zali deka ne mu obrnuvame vnimanie, kako da mu objasnime deka sme tuka so nego i deka go sakame?

epa djabe im e sto se site doma ako se gluvi i slepi i ona sto deteto im go bara ne znaat da mu go dadat, a zgora na toa nemaat ni tehnika ni pari ni luksuzi ni odmori ni biznisi


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Зад секоја успешна жена стои....
2.3.2015 9:20:03   
Bethany

ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR

Кој стои зад успешна жена - ако ја дефинираме како сопруга, мајка, домаќинка и вработена жена ? Жена која е опишана и во СТАТИЈАТА?
- сопругот?
- баба сервис?
- финансиите и платена помош?
- супер жена, сама? user posted image



Ќе се согласам дека поимот успешна е релативна работа од особа до особа. Секој еден различно гледа на животот и различно ја дефинира успешноста. Ама како што гласи прашањето, ако ја дефинираме како сопруга, мајка, домаќинка и вработена жена, дефинитивно ќе речам дека успешна жена е балансирана во сите овие области.
Да речеме дека секоја од наведениве области: да си сопруга, мајка, домаќинка и вработена, претставува по еден мускул. Оној кој најмногу го вежбаш и употребуваш ќе биде најсилен, во зависноста од тоа колку често го употребуваш и колку интензивно, сразмерно на тоа другите ќе бидат развиени. Може некој и да атрофира дури user posted image

Е сега, поента е дека во реалниот живот и во ситуациите во која што се наоѓа Сандриана, не може се да биде совршено избалансирано, затоа што поминува низ период каде што едно мора малку да се стави на пауза, ама затоа ако една жена знае да седне и да размисли што е тоа што неа ја дефинира како личност, што е тоа што неа ја исполнува и што би сакала да го постигне во животот, ако ги постави долгорочни цели, како што кажаа Ники, ако е одлучна во тоа, ќе го постигне балансот. Сега во овој момент можеби жена во ситуација како Сандриана е повеќе мајка и домаќинка, ама утре кога дечињата ќе поодраснат и нема да бидат толку зависни од неа, ќе дојде една фаза од животот кога ќе се има можност да се направи сето тоа другото, без некоја поголема жртва. Некој може и сега да го направи сето тоа, зависи од личноста и приоритетите, да седнеш да учиш пример, ама колку ќе биде ефективна и продуктивна потоа на другите полиња?
Може да се ангажира баба-сервис, може да се дадат финансии на жена која би правила се наместо тебе (и дете и готвење и чистење) за тоа време ти да се посветиш на другото, ама ако и тоа го немаш и уште побитно ако тоа не го сакаш (бидејќи сакаш да поминуваш време со бебе сега, да го доиш, да го галиш; ако сакаш финансии да го употребиш на друг начин итн.)тогаш ќе чекаш. Трпеливо и сталожено да дојде и таа фаза во животот кога ќе се малку подослободиш и ќе имаш време, без поголеми жртви, без фрустрации да завршиш се што сакаш.

Можеби во моментот некогаш се чувстуваме незадоволни, неиполнети, ама што и да постигнеме во животот, на било кое поле, ова чувство ќе се јавува. И тоа не е лошо, тоа е само потсетник да не станеме рамнодушни во животот, површни, ограничени. Бидејќи секој човек треба да се надоградува, во било која сфера. Не мора тоа да значи само кариера, туку воопшто со нови сознанија, развивање на своите таленти, употреба на својата креативност, тоа не мора да биде за широки народни маси, тоа може да биде лично само за неа и евентуално најблиските.

Успешна жена за мене е она која тежнее да се развива ментално, колку што има можност нели, а тоа ќе донесе резултат, зависи од особа до особа, која за што копнее.
Не можеме сите да бидеме амбасадори, ама може да бидеме успешни и креативни готвачи пример. Значи нема потценување, ама ни поголемо вреднување на нечии цели или па професии. Ако некоја жена е доволно силна, изградена како личност, да се познава себеси и да знае што сака од животот, по мене е веќе успешна, затоа што успешност не е момент кој дојде и стои, туку е постојано лично надоградување, првин и единствено за себеси, а како другите ќе го дефинираат успешноста на некоја жена, пак зависи од неговото гледиште на свет, кое во случајот и не е битно, нека секој си ја гледа својата работа :)
И најбитно во се е да смирено и сталожено, без притисок на себеси, ги поставува целите и една по една да ги исполнува. Чекор по чекор сепак значи да одиш, а не стоиш во место.
Тоа е како јас гледам на работите. user posted image

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Зад секоја успешна жена стои....
2.3.2015 11:07:41   
LoveableMe RR
Според мене, зад секоја успешна жена стои среќа, поточно фактот дека таа е среќна, без разлика на кое поле се работи. Мислам дека е идеализирање на фактот дека жената е супер жена и може да се оствари безпрекорно насекаде како деловна жена, домаќинка, мајка, жена и сл. Едноставно животот е толку динамичен, полн со обврски и трчање денес што мислам идеален баланс е просто невозможно да се постигне, поточно ако функционира едното, другото ќе трпи на сметка на тоа.

И не ми се верува кога на ТВ ќе излезат жени демек да зборуваат за нивните успешни приказни со 3-4 родени деца, докторки, хирурзи со по три смени и секаде ти биле успешни и дома среќни и семејството, децата, мажот и на работа бесперкорно, една идила невидена и тоа страшно ме иритира, па дајте бре кажете имате чистачки, баби, жени кои нон-стоп ви помагаат па стигате насекаде, а не приказни за широка јавност кои ни малку не се приземни и реални....имам случаи во опркужување кои се трудат да бидат успешни на секое поле и успеваат во одредена мера, ама зад нив имаат тим "кој никогаш не губи" user posted image user posted image , мајки, свекрви, чистачки, готвачки и тн. Е така секаде може да се успее и тоа сигурно, а реално без тоа, сигурно не: ќе биде успешна како мајка, но не на работа, или обратно ако заглавува на работа и нема помош дома, тогаш ќе трпи домаќинството и децата.

Моја девиза е жената да не се пренемага и да биде успешна во тоа што ја прави среќна, а другото може и да почека и да не биде идеално, па во животот согласно приликите и обврските, приоритетите си ги менуваат местата....

< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 2.3.2015 11:09:32 >


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Зад секоја успешна жена стои....
2.3.2015 13:38:28   
Melanija RR
Севкупно успешна без жртва е невозможно.

ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful

После сите цивилизациски и родови придобивки што ги имаме, и многуте што се уште ни недостигаат, мислам дека нема потреба да се враќаме назад во камено доба и да ја лоцираме жената во домот, а мажот по работа. Мислам дека со правилно организирање и распоредување на времето се постигнува се, и тоа не мора да значи дека цела сурија луѓе ќе ги чуваат децата. Еве мајка ми на пример, одеше редовно на работа, мене немаше кој да ме чува и во градинка сум од 8 месеци, па што. Имам и колешки кои работат многу, имаат кариери, а нивните деца не страдаат.



Жената е во домот колку и да помага и посебно да умее мажот. Се се постигнува кога децата ќе тргнат во школо,пред тоа не. Разликата е во тоа што и јас сум одела во градинка но при разболување имало резерва баба или боледување кое денес во капитализам е незамисливо.Е од таму се намалува времето и можноста жената да биде успешна

ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR


НО, во моментов речиси ми е невозможно сево ова, зошто децата се мали, а вистинска помош немам - од типот да ми ги причува некој не 2-3 часа, или да ми ги заврши дел од домашните работи.


Сосема исто ,но 2-3 часа не вршат секогаш работа.

Ако се сака да се успее со мали деца тогаш треба да не пречи да се остават и по цел ден и ноќевање кај баба. Оваа жртва за мене е неприфатлива. Затоа јас лично немам избор ни за работа за колку толку да пробам да бидам по успешна,поисполнета.

ИЗВОРНА ПОРАКА: niki


uspeh e da si vo pozicija da Imas onolku pari kolku smetas deka ti trebaat i dovolno slobodno vreme za da im se posvetis na ostanatite ciniteli na zivotot, deca, maz, prijateli, licen napredok i licni zadovolstva

Убаво напишано тешко во пракса,но посакувано.
ИЗВОРНА ПОРАКА: Mihaela 2010

ako od tebe se bara da ides van drzavata i da ja pretstavuvas ( konkretno zboram za nea) i toa na nekolku dena, sakas nejkes si daleku od semejstvoto i baras luge bliski koi ke ja zamenat i ke napravat deteto da ne ja pocuvstvuva taa majcinska otsutnost.set_o toa e zrtva za eden den obezbedi mnogu povekje na svoite deca odosto taa imala- vekje go potencirav toa.


И кога ќе ја прашаат децата зошто небила со нив и ги оставала,ќе им рече за вашата иднина.Но дали воопшто ќе прашаат такво нешто е прашање од тие оставања колку и како се воспитани.

ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful

Можам да кажам само - браво за неа, ја разбирам. Но сепак, не контам дали е рамноправен третманот со кој било просечно успешен маж - да беше таткото тој што патува во странство по неколку дена ќе беше нормално, така? Немаше да бидат децата запоставени, или ќе беа? Како да не ги гледаме исто работите...


На децата им требаат двајца родители , но не е поделба туку факт дека на мали деца им треба мајка. Незборам доколку ете а такви се околностите кога таткото е тој кој се жртвува.Во примерот на Mihaela 2010 се работи за константно оставање а не за одредено време или патување,
ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful

Оттаму и јас лично имам став дека не сакам децата да ми ги чуваат баби, тетки, стрини или комшии, туку фино лепо во градинка и крај, и притоа ова го мислам најмногу заради социјализација на децата, а не дека некој нема да ми го пази како што треба, но тоа е друг муабет. Е сега, тоа е мое мислење, секој си одлучува за себе user posted image

Потполно исто ,но во приватно нема туку така боледување .
Конкретно мм работи во смени и јас да прифатам работа во смени, е невозможно и со одење во градинка.Ќе треба да го мкнам детето те дома ,еден дома, па друг,излези влези,па да дојде баба ,да однесеш кај баба.
И поради ова решив дека дема засега да го жртвувам детето за некаков ,,успех,, .Сватив дека до 3 год НЕМОЖАМ И НЕСАКАМ да создавам непријатности од секакви видови.

За секаков успех си има свое времеuser posted image или се надевамuser posted image

Мојот одговор се :финансиите и платена помош? и да ,,недолжам ,, никому ништо.

< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 2.3.2015 13:40:07 >


_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Зад секоја успешна жена стои....
2.3.2015 14:41:31   
AneLav RR
Позади секоја успешна жена стои..... Самата таа
Не знам дали би ја окарактеризирала како успешна некоја жена на која што условите и нудат да се посвети само на една работа и таа да ја прави перфектно. А цел тим од жени помошнички, чистачки да стои зад неа. Таа е успешна само во кариерата.
Во секој период од животот има приоритети. Мои во моментов се децата. Но тоа не ме прави помалку успешна од некоја друга жена што оди на работа и заработува, а друг и се грижи за децата. Барем јас така не се чувствувам. Не велам дека сум успешна, далеку од тоа, а ќе бидам кога ќе успеам сама да ги избалансирам обрските окулу децата, работата и оние спрема куќата и семејството воопшто, без ничија помош, а никој да не трпи последици заради тоа. Бидејќи „сама“(со сопругот но тој оди на работа) се грижам за моите деца откога се родени и некако успевам да го направам она што е потребно за нив и окулу нив без запоставувања и без заостанувања, со правилна организација и план и програма на дневните обрски ќе успеам и да функционирам и на работа. Барем така планирам. Битно е човек да има приоритети и одреден план како ќе функиционира и да не отстапува од тоа и ќе успее да најде време за се. Се се може кога се сака и без ничија помош. Иако е премногу тешко, задоволството е преголемо кога знаеш дека си постигнал многу без ничија помош.

_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Зад секоја успешна жена стои....
2.3.2015 17:12:28   
Martins mom
Kamo da imav koj da mi izleze vo presret i da gi ostvaram celite sto gi imam zacrtano za da go postignam uspehot na delovno pole.Zasega uzivam vo uspehot kako majka i sum srekjna.Me ispolnuva,no priznavam deka pomisluvam na toa kako bi bilo koga bi bila slobodna za da rabotam na toa sto bi mi donelo pogolem prihod i licna satisfakcija.Mi ostanuva samo mecta koja bi se ostvarila vo nekoe podobro vreme,koga ke mi porasnat decata. Sega odvaj se snaogjam da organiziram 7 casovno cuvanje duri sum na rabota,za povekje ni vo sonuser posted image

(Одговор на членот AneLav RR)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Зад секоја успешна жена стои....
3.3.2015 12:54:06   
niki

ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR

И не ми се верува кога на ТВ ќе излезат жени демек да зборуваат за нивните успешни приказни со 3-4 родени деца, докторки, хирурзи со по три смени и секаде ти биле успешни и дома среќни и семејството, децата, мажот и на работа бесперкорно, една идила невидена и тоа страшно ме иритира, па дајте бре кажете имате чистачки, баби, жени кои нон-стоп ви помагаат па стигате насекаде, а не приказни за широка јавност кои ни малку не се приземни и реални....имам случаи во опркужување кои се трудат да бидат успешни на секое поле и успеваат во одредена мера, ама зад нив имаат тим "кој никогаш не губи" user posted image user posted image , мајки, свекрви, чистачки, готвачки и тн. Е така секаде може да се успее и тоа сигурно, а реално без тоа, сигурно не: ќе биде успешна како мајка, но не на работа, или обратно ако заглавува на работа и нема помош дома, тогаш ќе трпи домаќинството и децата.

Моја девиза е жената да не се пренемага и да биде успешна во тоа што ја прави среќна, а другото може и да почека и да не биде идеално, па во животот согласно приликите и обврските, приоритетите си ги менуваат местата....


nikoj nema idealen zivot, samo nekoi luge svojot si go gledaat od pozitivna strana bez da dozvolat negativnotstite da gi soprat kakva god cel da imaat

i imanjeto pomos e odlika na uspesnite, nemoze sekoj da plati vojska koja ke pomaga i ke zamenuva tamu kade sto ne se stiga, vprocem jas uste ne sum sretnala nekoj da moze da bide na dve mesta vo isto vreme
site imame majki i tatkovci no na site ne ni uspeva da gi vklopime vo nasite zivoti i da gi iskoristime taka da ni bidat od pomos, i za toa treba talent, sto ne znaci deka ako nekoj go nema nema da iznajde nekoj drug nacin da si gi naredi rabotite i da procveta


ИЗВОРНА ПОРАКА: niki


uspeh e da si vo pozicija da Imas onolku pari kolku smetas deka ti trebaat i dovolno slobodno vreme za da im se posvetis na ostanatite ciniteli na zivotot, deca, maz, prijateli, licen napredok i licni zadovolstva

Убаво напишано тешко во пракса,но посакувано.


tesko da, nevozmozno ne, glavno za ova treba trpenie ne doaga toa po 1 godina rabotenje tuku posle 10, za nekogo 20 ili 30 a sekogas ke ima i takvi za koi nikogas nema da dojde


Потполно исто ,но во приватно нема туку така боледување .
Конкретно мм работи во смени и јас да прифатам работа во смени, е невозможно и со одење во градинка.Ќе треба да го мкнам детето те дома ,еден дома, па друг,излези влези,па да дојде баба ,да однесеш кај баба.
И поради ова решив дека дема засега да го жртвувам детето за некаков ,,успех,, .Сватив дека до 3 год НЕМОЖАМ И НЕСАКАМ да создавам непријатности од секакви видови.

За секаков успех си има свое времеuser posted image или се надевамuser posted image




za zal sevo ova ne prestanuva posle 3 godini tuku trae dodeka deteto da napolni barem 10 a i togas ne prestanuva grizata i potrebata da se bide vklucen vo zivotot na deteto i da se bide blizu i da se nadgleduva nasocuva i spasuva koga treba, samo konceptot se menuva i verojatno percepcijata na rabotite
vo sekoj slucaj jas smetam deka e uspeh edna zena da si rece deka odreden period ke pauzira od kariera za da se dade celosno kako majka, jas imav prilika toa da go uzivam do 15 meseci na moeto dete i uste ednas edno 12 meseci koga taa imase okolu 5 godini za toa kratko vreme ne se rusi ona sto prethodno si go gradel, ne se zaborava i ne znaci nuzno deka ako deteto e toj period prioritet deka ona sto ti e profesionalna opredelba e staveno na ignor totalno i nikogas nisto vo toj pogled ne prevzemas bar malku, bar ponekogas

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Зад секоја успешна жена стои....
12.3.2015 11:05:35   
deluxe
Моја теорија е:зад секоја успешна жена стои свекрва или мајка која која ги чува децата,готви,пере,чисти....user posted image user posted image


< Поракaта ја уредил deluxe RR -- 12.3.2015 11:06:24 >


_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Зад секоја успешна жена стои....
12.3.2015 14:01:35   
lukajana RR
Зад секоја успешна жена стои желбата да биде успешна и упорноста да ги постигне своите цели со што и да се поврзани,дека ништо не е невозможно, ако се сака се може да се постигне.

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Зад секоја успешна жена стои....
12.3.2015 15:05:19   
niki
Bi mozele da piseme i soveti kako poefiktivno da si go iskoristime vremeto za da postigneme toa sto sme zacrtale
Na primer bethany ubavo kaza vo drugana tema deka mladi mamicki dodeka dojat se na telefon i na net, sto znaci doenje i ucenje mozat da se spojat i praktikuvaat kako aktivnosti 2 vo 1, na nas e izborot dali ke bideme na facebook, na sajt koj nudi odredeni znaenja koi opsto vo zivotot ili profesionalno ke ni koristat ili ke imame kniga za spremanje ispit, sekako 3 casa vo kontinuitet ni so bebe ni so dete na bilo koja vozrast ne se mozni, no mozeme da naucime da gi koristime 5,10,15,25 minutnite seansi na sloboda koi ni gi davaat decata, i vo dobri denovi moze da bidat i 5 a vo losi i da gi nema
Vo vremeto koga kerka mi imase 3,4 godini jas za ucenje koristev audio materijali i koga odev na igraliste so nea so slusalkite vo usi ja pazev i ucev istoto go ptaktikuvam do denes koga na primer mijam sadovi ili peglam
Koga cekam nekade zavisno od raspolozenie nosam kniga za citanje ili tablet na koj imam aplikacii so flesh cards pa bildam vokabular na jazikot koj go ucam na pr.
Sega odam da proveram domasno pa ke se navratam pak

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Зад секоја успешна жена стои....
12.3.2015 15:51:25   
vezilka RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR


- сопругот?
- баба сервис?
- финансиите и платена помош?
- супер жена, сама? user posted image



Сето ова ако сакаш да бидеш успешна на ама баш сите полиња. Според мене и невозможно и непотребно. Ако сум вработена и бркам кариера, зошто треба исто така да бидам успешна и у кујна, тоест се јас да подмирувам по дома. Денот треа 24 часа, а човекот има една душа. Значи секогаш кога се збори за успешна жена се збори за успешна на сите можни полиња, ако на едно не си успешна тогаш испаѓаш од кфалификации. И на крајот на краиштата зошто да учам додека дојам, додека дојам сакам да дојам, додека си играм со децата сакам да си играм со нив, ќе учам во друг дел од денот, или ќе исфрлам нешто од обврските по дома за да се надоградувам. На пример нема да готвам, ќе читам.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Зад секоја успешна жена стои....
12.3.2015 16:38:30   
Kvisko
Мене бап ме интересира која е дефиницијата за успешна жена.
Ако го дефинираме како успешна професионално тогаш нормално дека за домашните обврски ќе треба помош од други луѓе. На пример ангажирање чистачка за чистење по дома, жени/баби/градинки за чување деца и најбитно сопруг кој тоа ќе знае да го разбере и цени ќе пружа максимална поддршка (со на пример помагање во домашни работи - готвење,чистење, пеглање, разнесување и воспитување деца).
Ако е успешна домаќинка тогаш се други критериуми и слично.
Семоќна жена и севкупно успешна според мене нема. Балансирање е можно донекаде ама на сите полиња се да е топ едноставно е невозможно.
За мене си е битно професионално да сум успешна и веројатно во иднина да успеам убаво да ги воспитам децата.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Зад секоја успешна жена стои....
12.3.2015 18:12:27   
niki
Spored vas site zeni koi nemaat pari za pomos po doma roditeli da uskakaat koga im treba i sopruzi koi prevzemaat od obvrskite treba da se zboguvaat od bilo kakov uspeh i da se zadovolat ili so domakinstvo i majcinstvo ili so kariera dodeka decata im se gladni i neisprani?????

Uspesna vo sekoj pogled e rastegliv poim
Ovde ja proglasivme miana za najdomakinka jas licno se voodusevuvam na zivcite za da pohuva maslinki, no nemam namera nikogas vo zivot vo kujna da se pletkam tolku i na toj nacin, sebe se smetam za uspesna domakinka bidejki sum organizirana pa dodeka dinstam kromid na tivko gi metam plockite, dodeka krckam nesto ke izmijam sadovi i nikogas dodeka sum vo kujna nemam prazen od, se mi e vklopeno za da od kujnata izlezam sto e mozno pobrzo
Slatki osven krofni i palacinki ne pravam nikogas, ako ke jadam gubre togas gubreto ke go kupam, nema da go pravam
A maz mi i site obvrski da gi prevzeme jas sum takva da pak i togas dodeka dojam ke citam i dodeka mi e deteto n tobogan ke citam, ne smetam deka koga okolu deteto ima 20 drugi deca jas da treba da si igram so nego
So dete si igram koga nema nikoj drug da si igra so nea
Inaku imam obicaj da dodeka gledam tv vo isto vreme da pletam
Edinstven prazen od vo denot mi e postiranje na ringeraja


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Машки имиња
Бота

Кое е најубаво

Давор (39%)

Бојан (61%)


Број на сите гласови: 74

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!