Mila mamicka
|
Како се ближи есента, се почнуваат муабетите за спремање на зимници. Дали вие правите зимница? Ние правиме се, јуфки, тарана, компоти, мармалади, овошни сокови, ајвар, лутеница, кисели краставички, туршија, лути пиперчиња, доматно пире. Како што има напишано Анушка, за мене правењето зимница претставува време поминато со семејството, во исто време работно и забавно. Во правењето на зимница учествуваме сите заедно, свекор ми, свекрва ми, јас, мм, мајка ми, татко ми и брат ми. Со здружени сили правиме зимница за двете семејства. Мене многу ми е забавно кога се прави зимница, сите собрани во дворот, се работи, се разговара, се прават планови за иднината и така. Се на се, го обожавам периодот кога се прави зимница.
_____________________________
Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.
|