vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Доколку вие ја прифатите воспитувачката, тоа ќе му биде знак на детето дека таа личност добро ќе се грижи за него.
Ако вашето дете се потпира на вас или одбива да соработува во групата, не бидете вознемирени – тоа може уште повеќе да го вознемири детето. Предлозите за тоа што да правите кога го оставате детето во градинка се многу едноставни, но може да бидат многу тешки за родителите. Секогаш со љубов поздравете го вашето дете, но откако тоа ќе го направите, веднаш заминете. Никогаш немојте да останувате долго, да ѕиркате и да ризикувате да бидете видени. Исто така, никогаш не го оставајте детето без да се поздравите, бидејќи тоа може да создаде кај детето чувство на напуштеност, а пак долгата сцена на збогување може само да го зголеми чувството на детето дека градинката е некое лошо место.
Доследниот и предвидлив ритуал на поздравување може да ги направи работите полесни. Некои родители се збогуваат од прозорецот, или прават смешен израз на лицето, додека други му раскажуваат на детето кратка приказна пред да се разделат. Носењето на предмети од дома како кукла или ќебенце, исто така можат да му помогнат на детето да се утеши. Исто така, имајте на ум дека повеќето деца се чувствуваат добро кога нивните родители ќе ги остават во градинка.
Независно од тоа дали вашето дете сака да оди во градинка или не, погрижете се некој од персоналот во градинката да ви помогне во утринските часови. Некои деца можат да истрчаат внатре, додека на други им е потребно да се галат и да разговараат со воспитувачката пред да влезат во занималната.
Градинките имаат девни ритуали и точно одредено време за сите активности. Предшколските деца имаат тенденција позитивно да реагираат на овој распоред и следењето на рутината ќе им го олесни преминот во училиште.
И најважно од се: не се откажувајте!
5
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Најважни навики за здрава бременост
Здравата бременост започнува со мали, секојдневни навики. ...
Зошто е важен редовниот појадок?
Појадокот е првиот оброк во денот и може да биде одличен начин да му о...
Како да ја подобрите циркулацијата на крвта?
Студени раце и стапала, чувство на тежина во нозете или замор по долго...
Како физичката активност влијае врз плодноста?
Редовното движење е важно за општото здравје, но дали може да ви помог...
Направете украсни свеќи со калапи за колачи
Дали знаевте дека калапите што ги користите за подготовка на колачи мо...