|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Кашлица за време на бременост

Редакција Рингераја, 20.5.2019
Ако сте бремени и имате постојана кашлица која произведува секрет, многу е веројатно дека имате вирусна инфекција на горниот респираторен тракт што ќе ве вознемири. Кај бремени жени, кашлицата често е потешка од вообичаеното и лечењето оди побавно
Клучни зборови:

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Дури и ако кашлате често, шансите да му наштетите на бебето со грчеви на вашиот стомачен ѕид се сосема минимални.

 

Ако кашлицата е придружена со треска, чувство на студ, болка во зглобовите и тежок замор, може да биде грип. Важно е да се побара совет од доктор за да ве посоветува како да постапувате. Вирусите со грип се поопасни од другите, па затоа е потребно медицинско внимание.

 

Зошто жените се поподложни на болести за време на бременоста?

 

Тенденцијата за кашлицата да биде посилна и продолжена за време на бременоста лежи во фактот што имунолошкиот систем е послаб. До овој заклучок дојдоа научници од Универзитетот Стенфорд. Затоа, бремените жени се повеќе подложни на влијанието на микробите што ја влошуваат состојбата и предизвикуваат компликации.

 

Кога треба да посетите лекар ако сте бремени и имате кашлица?

 

Кашлањето само по себе ретко може да му наштети на бебето. Висока температура, вируси, бактериски инфекции се оние кои можат да создадат дополнителни проблеми.

 

Одете на лекар ако:

 

Имате постојана кашлица која се влошува и се појавува густа секреција;

Се чувствувате омалаксано;

Имате висока температура што не се намалува после земање на парацетамол;

Имате треска, зеленикава, жолта или кафеава секреција;

Вашето дишење е тешко.

 

Сите овие симптоми може да сугерираат дека имате инфекција на горните дишни патишта. Затоа, консултацијата со специјалист е задолжителна за да се одреди точниот третман врз основа на специфични студии. Самостојниот третман е опасен и контраиндициран во вакви случаи.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Зошто градите стануваат чувствителни во бр...
Чувствителните, отечени или болни гради се меѓу најраните знаци на бременост.
12
Што е ХПВ?
Хуманиот папилома вирус е многу честа инфекција, која најчесто поминува без симптоми, но одредени типови можат да предиз...
4
Газирани пијалоци во бременост: Да или не?
Кога сте бремени, секој пијалок што го внесувате има влијание, не само врз вашето тело, туку и врз бебето што расте во в...
4
Дали сексот во 9 месец може да му наштети ...
Бремените жени честопати имаат едно важно прашање: дали можат да имаат секс за време на бременоста? Одговорот е: се разб...
4




Анкета

Dali?
Jana9

Dali ste zadovolni od toa kako ste gi vospitale vasite deca?

Da (40%)

Ne (0%)

Moze i podobro... (60%)


Број на сите гласови: 5

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!