|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Херојот Лука, роден 720 грама, прослави 1 роденден

Редакција Рингераја, 4.8.2020
Породилната приказна на Надица Ристова @mommyofonehero

image
/11


 

Здраво девојки, трудници и мајки. Јас сум Надица мајка на еден вистински супер херој. Со вас ќе ја споделам нашата навистина тешка борба.

Како и секоја девојка си мечтаев да се остварам како мајка. Дојде денот моите соништа да се остварат, но не на таков начин како што јас ги сонував.
Нашава приказна започна вака.
Си добив 2 цртки на тестот, започна нашата неизмерна среќа се до првата контрола. Кога отидовме на преглед нашиот бебуш од самиот старт заостануваше 3 недели кои подоцна ги корегиравме според прв преглед.
Наредните контролите беа супер се додека не стигнав до 20та г.недела, а бебушот заостана на 17та г.недела. Тука почна нашиот трнлив пат. Се спремавме за свадба од која искрено ништо не почувствував бидејќи паметот ми беше само во моето бебенце.
Секоја наредна контрола беше секогаш по стресна бидејки застојот упорно се зголемуваше. Успеавме некако да стигнеме до 29та недела, бебушот одговараше на 25та. Ме задржаа во болница, ЦТГ на секој час бидејки почна да се влошува се до моментот кога наеднаш се изгуби. Тогаш настана хаосот, од кој најтешкиот дел беа зборовите на докторите дека дете од 700гр. неможе да преживее, ако преживее може да има церебрална парализа, да е глув, слеп, а јас сум била премногу млада да чувам вакво дете како демек зошто да си го зацрнувам животот. И нивен предлог беше бебето да се абортира. 
Сепак мајчинскиот инстинкт беше посилен од се и решив да му дадеме шанса на нашето мало црвче. 
Ме спремаа за царски, а јас веќе немав душа во мене, ме породија и не успеав да го видам бидејќи мораше да го однесат во инкубатор.И да, се роди Лука со само 720гр. 
Нашето прво видување беше после 24 часа. Тоа чувство искрено и незнам дали ке можам да ви го објаснам. 
Мало колку една машка дланка, со куп кабли и апарати прикачени на него. 
Уште од самиот старт беше вистински ХЕРОЈ, со само 720гр тој дишеше само со дифузен кислород. 
За 20 дена, точно на денот на мојот роденден му го извадија кислородот, а тој беше близу 800гр. Поубав поклон за роденден здравје.. 
Со 900гр. веќе беше на постинтензивна. 
Немаше никакви кризи, никакви крварења и ред други работи со кои се соочуваат многу предвреме родени дечиња. Стигнавме до 2кг и си го зедовме дома. 
Да, од предвидувањата на докторите само едно се испостави точно а тоа е што Лука не слуша, но има решение и за ова. 
Лука е сега дечко од 12 месеци, навистина палаво, темпераментно и мило дете. Тој ни објасни што е борба, ни покажа дека во секоја мала надеж треба да веруваме и да се бориме. 
Најголемата борба веќе ја доби, сега останува да расте и ужива во неговиот супер херојски живот. 
И да, луѓе чувствата никогаш не ве лажат...Верувајте во себе како што јас верував во мене и мојот борец и ќе видите ЧУДА СЕ СЛУЧУВААТ. 
Среќен роденден Лука!!!

Следете го овој херој и неговата мајка на Instagram


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Бременост по недели
Сакате да дознаете што се случува со вашето тело, како бебето се развива и расте, како и што се врти низ главата на идни...
4
83 знаци дека ќе се породувате
Ако сте при крај на бременоста, може да почнете да се прашувате како точно ќе знаете дека ќе се породувате. Не грижете с...
4
Подобрување на интимноста за време на брем...
Бременоста е извонредно искуство кое носи безброј промени во телото и животот на жената. Како што се развива секоја неде...
3
Киретажа - значајна гинеколошка процедура
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...
3




Анкета

Бррррр....
пеперутка16

Дали некогаш сте се сретнале со нешто непознато на кој било начин, нешто натприродно за нас луѓето?! Духови, ѓавол, шејтан......