vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Одличен зимски десерт
Подгответе го тестото за кора. Ставете ги во сад брашното и солта и промешајте. Ставете го путерот и салото и месете додека смесата не се соедини. Додавајте ја ладната вода, една по една лажица. Исплескајте го тестото на табла и ставете го во фрижидер да стои најмалку 30 минути. Во меѓувреме направете го преливот. Во сад измешајте ги брашното, оревите, кафеавиот шеќер и солта. Ставете го и путерот и мешајте додека не се направат крупни трошки. Загрејте ја рерната на 250 степени. Исучете го тестото на набрашета површина во круг. Ставете го во тепсија наменета за пита. Краевите на кората декоративно свиткајте ги како на сликата. Во голем сад измешајте ги шеќерот, брашното, циметот, кората од лимон и солта. Додадете ги парчињата јаболко и сокот од лимон и ставете ги на оган додека смесата се соедини. Ставете го филот на кората, а одозгора ставете го преливот од ореви. Печете на 250 степени околу 30-40 минути. Пријатно!
Време на подготовка од: 60
Време на подготовка до: 70
Kомплицираност: 4
За кора
1 + 1/4 чаша брашно
1/4 лажичка сол
4 лажици путер
2 лажици сало
4 лажици ладна вода
За прелив
1/2 чаша брашно
3/4 чаша сецкани ореви
1/4 чаша кафеав шеќер
1/4 лажица сол
4 лажици путер
За фил
1/2 чаша шеќер
1/4 чаша брашно
1/2 лажичка мелен цимет
1/4 лажичка свежо рендана кора од лимон
Прстофат сол
6 поголеми јаболка, излупени и исечени на парчиња
1 лажица сок од лимон
забава Бремените
Автор: bobik
Есенски намирници што ја поддржуваат плодноста
Од тиква и калинка до леќа и ореви, есенската трпеза може да биде шаре...
Крвавењето во првите недели од бременоста не секогаш значи дека нешто ...
Ретка состојба во која бременоста не се развива нормално, а абнормално...
Колку време во просек е потребно за да забремените?
Кога ќе одлучите дека е време за бебе, секој месец може да изгледа как...
Имплантација. Кога започнува новата приказна?
Оплодувањето е само почеток. За да продолжи развојот на бременоста, оп...