Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Дали движењата веќе се побавни? Кога ќе се навикнете на нив, ќе можете лесно да приметите дали бебето движи раче, ноже или го мрда газето. На малите непријатности кои ги предизвикува стомакот веќе навикнавте, затоа не ги спомнуваме. Ако почнат многу да ви отекуваат нозете и лицето, а при тоа и повраќате и имате силни главоболки, болки во горниот дел на стомакот, пред очи ви се појавува црна точка, веднаш одете на доктор. Можеби се работи за преекламсија кој во бременоста значи сериозна компликација. Симптомите се висок крвен притисок, отекување и протеини во мокрачата. Значи, доколку ги приметите набројаните симптоми, веднаш одете на доктор.
Иако ви се чини дека станавте една голема матка, таа сеуште расте. Се прашувате до кога? Бидејќи фетусот сеуште расте и добива на тежина, се зголемува и вашата тежина. Во просек нешто помалку од половина килограм. Но, пак се повторуваме дека најважна е здрава и разновидна исхрана, пред се помали (и не можете премногу да јадете, бидејќи во желудникот има многу малку место) и рамномерно распоредени оброци во текот на денот.
Иако мислите дека никогаш повеќе нема да ја облечете својата омилена гардероба, тоа ни малку не е точно. За да се вратите што побрзо во неа, послужете се со еден трик. Уште сега напишете еден список со желби и за колку време по породувањето сакате да ги исполните. Но, не претерувајте. Освен тој список нагласете ја важноста и на исхраната и по породувањето, движењето (тоа нема да ви фали, бидејќи со количката ќе се бројат километри) и не заборавајте на себе и основната нега на телото. Иако во првите денови ќе ви недостига време, сепак морате да се изборите за него. Доволно е малку шминка која ќе направи чудо. Сето ова запишете го и по породувањето ставете го на видливо место.
Сега во мислите сигурно сте на породилно отсуство, а на работа ги завршувате последните ситници. Ако не сте ги средиле документите за Центарот за социјална работа, веќе е крајно време.
Плод во 33. недела
Тато во 33. недела
Слични артикли:
Календар на вакцинација
Претходна недела: 32. недела
Следна недела: 34. недела
Што ми треба за новороденче?
Исхрана за трудници
Во очекување на детето
Бременост и породување
Двојки, тројки, четворки
Породилиште
Спонтан абортус
Вежбање
Форуми за бременост
забава Бремените
Автор: bobik
Мача во бременоста, безбедна, но со една важна замка
Мача чајот е богат со антиоксиданси и има суперстатус во светот на здр...
Од сувост и чешање, до намалено либидо
Интимното здравје е тема за која многу жени ретко зборуваат, од срам, ...
Мажите што носат трауми, жени што ги носат последиците
Живееме во општество во кое мизогинијата тивко, но упорно се храни со ...
Негативни последици од физичкото казнување на децата
Физичкото казнување на децата сe уште е пракса која се применува во мн...
Ендометриоза, невидливата болка кај многу жени
Ендометриозата е едно од најчестите, но и најмалку разбрани гинеколошк...
Филмови за возрасни.
пеперутка16
Дали сакате да гледате „филмови за возрасни“?