|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Зошто децата често лажат?

Редакција Рингераја, 8.1.2019
Сите родители сакаат нивните деца да пораснат како чесни луѓе, но исто така сите се соочуваат со детскиот проблем лажењето. Зошто детето лаже?

image
/11


Живееме во општество каде што конкуренцијата и престижот доминираат во сите сфери на животот. Нема ништо чудно во фактот што многу деца, на возраст од 2 години, се обидуваат да бидат први и имаат свое разбирање за важноста на победата. Тоа е желбата , да се биде подобар и подобар од другите,  при што е и една од главните причини за детето да почне да лаже, пишуваат психолозите.

  • Лажење заради манипулација

Сите родители сакаат нивните деца да пораснат како чесни луѓе, но исто така сите се соочуваат со детскиот проблем  лажењето. Зошто детето лаже?

Лаже заради манипулација. Понекогаш децата лажат, бидејќи нивното искуство им кажало дека лажењето е профитабилно. На пример, детето и покажува на својата мајка дека не му се допаѓа неговиот помал брат и тоа го мачи на некој начин. Кога ќе ја излаже дека го сака, мајката го наградува со бакнеж. Заклучокот од ваквата ситуација е сосема логичен за детето, кога ја кажува вистината, повредени сте, а со помош на лажење можете лесно да добиете нешто што сакате.

Често, децата кои се во состојба да направат сé за себе, знаат и да лажат. Во многу случаеви, кога лажеле, ќе се почувствуваат напуштени од своите пријатели затоа што ја изгубиле нивната доверба. Ако сте процениле дека детето го има овој проблем, разговарајте со него за тоа, најдете начин да го потикнете да се чувствува сакан и ценет.

  • Лажење заради страв

Лажењето заради страв е многу чест случај кај децата. Детето лаже бидејќи се плаши од казна или понижување. Тоа измислува неверојатни ситуации за да се ослободи од прашањата како: зошто не ги земавте играчките, зошто не ги научивте лекциите и сл. Причините што детето може да ги посочи се различни, од банална главоболка до слетување на летечка чинија во соседниот двор. И сето ова е со една цел, да се ослободи од репресија и казна.

  • Лажење заради страв од казна

Детето исто така може да лажи поради страв од казна. На пример тоа се прибира од улица  целото измокрено и со модринки, па првото прашање за него е “Дали се тепаше?” Ако потврди, родителите најчесто почнуваат да го караат. Тогаш детето почнува да лаже. “Паднав“, “Се лизнав“ ќе биде неговите следни одговори.

 

Психолозите велат дека сите лажни одговори може да се поделат на два типа: ги  лажеме оние што ги жалиме или оние од кои се плашиме. Експертите истакнуваат дека се почесто се лаже како последица на страв од казна.

  • Лажење заради протест

Многу родители тврдат дека не ги казнуваат своите деца за бељите, туку само кога лажат, но нивните деца продолжуваат да лажат. Што точно им пречи на возрасните во овие ситуации? Очигледно, не самиот акт, туку ужасот што детето се обидува да ги излаже, т.е. сака да се ослободи од нивната контрола. Но не треба да се заборави дека детето е личност и дека ја брани својата слобода и независност. И бидејќи опцијата за делување со сила е невозможна, возрасните се посилни, единствениот начин преостанува лажењето. Затоа и колку и да е упорен лутиот родител и бара искрено признание, детето толку е упорно во инсистирањето на своето, иако умира од страв.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

План: Како да ја спречиш мама да ја преспи...
Дали сте мајка која е уморна? Прочитајте ја оваа статија. Гарантираме насмевка и кај лошо-наспиените и депримирани родит...
4
Како да ги дисциплинирате децата
Да ги научите децата како да се однесуваат не е така лесно.Клучот на се е да се дисциплинира детето и да ги научи вистин...
3
Родители ВНИМАНИЕ - ТИКТОК мрежата може да...
Кој е најголемиот проблем со Тикток и што треба да направиме ние, како родители, за тоа?
3
Не и ги сечете крилата на мајката...
Не и ги сечете крилата на мајката...така го убивате целиот свет. Дајте и крила да полета и да создаде некои нови луѓе, м...
3




Анкета

ZESKO IME
cacia

stotuku doznavme deka ke imame devojce, moj favorit e LINA,a na mojot soprug SIMONA

LINA (61%)

SIMONA (39%)


Број на сите гласови: 422

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!