Ќофтиња од црвена леќа
Автор:
Редакција Рингераја
Посни рецепти

Подготовка
Измијте ја леќата и нека се исцеди. Ставете во тенџере вода, па откако ќе зоврие додадете ја леќата, нека се вари на тивко околу 20 мин. Потоа тргнете ја настрана да се излади. Испасирајте ја, додадете го ситно сецканиот кромид и магданос, пресуваниот лук, кимот, црвениот мелен пипер, сокот од лимонот и посолете според вкус. Формирајте ќофтиња во големина која вие ја сакате и извалкајте ги во презла. Одлучете вие дали ќе ги пржите или само кратко потпечете во рерна откако ќе ги наредите на сосема малку помастено тавче. Пријатно!
Време на подготовка од: 60
Време на подготовка до: 80
Kомплицираност: 3
Состав
1 чаша од 200 мл. леќа
3- 4 чаши вода
1 главица кромид
5-6 чешниња лук
1 лажица црвен пипер
1 лажица ким
1 лимон
сол
магданос
-
забава Бремените
Автор: bobik Куклите во животот и растењето на девојчињата
Куклата е едноставна, тивка и често потценета играчка која останува ва...
Отворената комуникација меѓу партнерите е основа за длабока интимност ...
Во денешно време се повеќе гледаме фотографии од „идеални“ фамилии сек...
Детската игра – повеќе од забава. Зошто е важна?
Кога ќе ги видиме како трчаат, скокаат, цртаат, измислуваат светови, м...
Што значат соништата за време на бременоста?
Бременоста носи многу промени: телесни, емоционални, хормонални. Но ед...
Анкета
Млеко.
Admin
По една година, кое млеко е поздраво да му се дава на дете: