Snowhite RR
|
Леле колку сум нервозна, не можам да сфатам зошто, за секоја ситница се нервирам и само викам по дома ко некоја пореметена, се ми смета, се ме нервира, најмногу ми е жал што не можам да се исконтролирам ниту пред син ми и пред него викам, а тој душичка се плаши и почнува да плачи. Некоја депресија ме фатила и не знам како да излезам од неа, немам воља, ама баш за ништо да правам, ништо не ми е интересно, кога ќе си појдам дома од работа, цело време само во сатот гледам кога ќе дојде време да си легниме. Не знам дали е од студов, кој не спречува да излезиме од дома, во 4 ѕида цело време затворени, или е до тоа што работам и во недела, па еден ден кога е мм дома, јас сум на работа и не можеме ништо да испланираме, а тоа потоа се пренесува и на другите денови од неделата. Мислам дека крајно време е да му кажам на директорот дека не можам да работам во недела, па ако треба и нека ми намали на плата, ниту едни пари не се вредни да си го упропастувам бракот. Мислам нема што да ми намалува, зашто кога се договаравме за работа, недела не беше воопшто спомната во договорот, ниту сабота, сабота преку една требаше да работиме, а сега се, и недели и саботи и празници, ма што сака нека биде не можам веќе вака
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
|