Палешка РР
|
Во нашата зграда во неделата изби пожар, многу беше страшно Утрото околу 10 часот се запалиле визбите, никој ништо не сетивме се додека не се наполни зградата со чад. Дојдоа пожарникари, тропаа по сите станови за да утврдат од каде е пожарот и ни забранија да излегуваме од зградата, апсурд! Неможеа цел час да локализираат од каде е пожарот. Почнаа и становите да се полнат со чад, веќе бевме цел час без струја. Паника невидена, нема кислород дома, на тераса е ладно да излезам со Миа, во цела зграда магли од чад, прст пред око не се гледа, угоре високо, удолу длабоко, една безизлезна ситуација што да ви кажувам. И тогаш решивме дека мора да бегаме низ чадот. Ја ставивме Миа во корпата, ја покривме преку глава и и ставивме шамивче натопено во вода над лицето. И ние зедовме шамивчиња, воздух колку што можеме и излеговме. Мм и Марио ги истуркаа пожарникарите кои се обидеа да не сопрат..требаше да поминеме 60 скали без кислород и видливост. Страшноооо...Марио скокаше по 5 скали, мм со Миа в раце по две без да гледаат, јас сета се тресев, неможев ни по една скала. Леле одвај излеговме . Пожарот го локализираа дури по три часа. Ете толку се спремни службите за итна помош..наместо да донесат скали и да не евакуираат, тие свесно ќе не запалеа живи.
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
(Одговор на членот Enika)
|