Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Труднице, уште ли си тука?
Фетусот е толку голем што во матката има многу малку место. Тоа значи дека веќе не може да се мрда како што можеше порано. И покрај тоа морате да изброите барем 10 движења на ден, обично меѓу 8 и 17 часот. Во спротивно обратете се кај својот доктор.
Телото се подготвува за породување. Плодот кај прворотката се спушта, вратот и грлото на матката омекнуваат, а можат веќе да почнат и да се отвараат. Некои гинеколози во последните недели, односно денови од бременоста прават вагинален преглед со кој проверуваат дали грлото на матката се отвара. Без разлика каква е состојбата на грлото на матката, никој не може со сигурност да каже кога точно ќе почне породувањето.
<
Повеќе
Лануго, нежните влакненца кои го покриваа телото на плодот, се изгубиле, белите дробови сега се подготвени за самостоен живот и сето тоа покажува дека фетусот полека се подготвува за породување. Немојте да се изненадите доколку некое влакненце остане по телото и после породувањето, пред се на рамениците и ушите. Тоа не значи дека засекогаш ќе останат таму. Брзо по породувањето и тие ќе паднат.
<
Повеќе
На вашето бебе ќе му посакате добредојде на овој свет и со наздравување. Подгответе шише шампањско со кое ќе наздравите, а размислете и на кој начин ќе го честите семејството и пријателите. Секако дека е добро да се направи веселба, но немојте да ја преминете границата на добриот вкус. Приредете уба...
Повеќе
Денот започнете го кај фризерот или козметичарката. Новата фризура и масажата на лицето нека бидат ваш сојузник на патот кон мајчинството. А сметката, може да му ја доставите на идниот татко.